15.06.2024


СООПШТЕНИЕ



Почитувани ученици и ментори,

Објавуваме конечни резултати од 9. Државен натпревар по ПРИРОДНИ НАУКИ за 4. и 5.одд. и 11. Државен натпревар по ПРИРОДНИ НАУКИ за 6.одд. што се одржа на 15.јуни 2024 год.


На натпреварот учествува вкупно 784 ученици (IV- 328, V- 255, VI- 201), а наградени се вкупно 737 ученици.

Наградите се во зависност од бројот освоени бодови за секоја категорија, а се распределуваат во проценти од максималниот број на освоени бодови во соодветната категорија.

Искрени честитки до сите ученици и ментори за учеството и постигнатиот успех!


Со почит,

Комисија за натпревари по природни науки

4.odd KONECHNI 15.juni 2024.pdf 4.odd KONECHNI 15.juni 2024.pdf
Size : 352.9 Kb
Type : pdf
5.odd KONECHNI 15.juni 2024.pdf 5.odd KONECHNI 15.juni 2024.pdf
Size : 287.869 Kb
Type : pdf
6.odd KONECHNI 15.juni 2024.pdf 6.odd KONECHNI 15.juni 2024.pdf
Size : 214.733 Kb
Type : pdf

15.06.2024 (18:15)



ИЗВЕСТУВАЊЕ за ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ПРИРОДНИ НАУКИ 2024



Почитувани ученици и ментори,

Ги објавуваме прелиминарните резултати и клучевите од државниот натпревар по природни науки за основно образование. 

Поднесување на приговори од страна на менторите ќе се одвива онлајн  (линкот од формуларот е испратен до менторите) во период од 45 минути од моментот на објава на прелиминарните резултати (до 19:00 часот).

6.odd Preliminarni 15.juni 2024.pdf 6.odd Preliminarni 15.juni 2024.pdf
Size : 441.258 Kb
Type : pdf
5.odd Preliminarni 15.juni 2024.pdf 5.odd Preliminarni 15.juni 2024.pdf
Size : 529.513 Kb
Type : pdf
4.odd Preliminarni 15.juni 2024.pdf 4.odd Preliminarni 15.juni 2024.pdf
Size : 724.346 Kb
Type : pdf
Kluch 4 odd. Drzaven PN 2024 15.juni.pdf Kluch 4 odd. Drzaven PN 2024 15.juni.pdf
Size : 996.073 Kb
Type : pdf
Kluch 5 odd. Drzaven PN 2024 15.juni.pdf Kluch 5 odd. Drzaven PN 2024 15.juni.pdf
Size : 1163.805 Kb
Type : pdf
Kluch 6 odd. Drzaven PN 2024 15.juni.pdf Kluch 6 odd. Drzaven PN 2024 15.juni.pdf
Size : 388.118 Kb
Type : pdf
ALB Kluch 4 odd. Drzaven PN 2024 15.juni.pdf ALB Kluch 4 odd. Drzaven PN 2024 15.juni.pdf
Size : 1019.555 Kb
Type : pdf
ALB Kluch 5 odd. Drzaven PN 2024 15.juni.pdf ALB Kluch 5 odd. Drzaven PN 2024 15.juni.pdf
Size : 359.293 Kb
Type : pdf
ALB Kluch 6 odd. Drzaven PN 2024 15.juni.pdf ALB Kluch 6 odd. Drzaven PN 2024 15.juni.pdf
Size : 378.448 Kb
Type : pdf
TUR Kluch 5 odd. Drzaven PN 2024 15.juni.pdf TUR Kluch 5 odd. Drzaven PN 2024 15.juni.pdf
Size : 458.66 Kb
Type : pdf

15.06.2024



ИЗВЕСТУВАЊЕ за ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ПРИРОДНИ НАУКИ 2024



Почитувани ученици и ментори,

ПРЕЛИМИНАРНИТЕ резултати и решенијата (клучеви) ќе бидат објавени после 17:30 часот;


- Поднесување приговори (онлајн – пополнувње на формулар од страна на менторите) во период од 45 минути по истакнување на прелиминарните резултати;

- Објавување на КОНЕЧНИТЕ резултати и наградувањето очекувајте го после 19:00 часот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ 


Нa 05.07.2024 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе се одржи Првиот селекционен натпревар за учество на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки 2024 година.

ДФРМ, СХТМ и МБД ги покануваат учениците кои освоиле најдобри резултати на Државните натпревари по физика, хемија и биологија да учествуваат на овој натпревар.

Подолу се дадени целосните информации за овој натпревар како и списокот на учениците кои може да учествуваат (се поканети) на истиот. Пријавувањето за учеството да се направи најдоцна до 26.06.2024 година до 23.59 часот, на адресата fizikanatprevari@gmail.com.


Преземи го известувањето на Првиот селекционен натпревар -ТУКА

Преземи го списокот на поканети ученици -ТУКА


Со почит

ДФРМ, СХТМ, МБД

10.06.2024



ИЗВЕСТУВАЊЕ за ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ПРИРОДНИ НАУКИ 2024



Почитувани ученици и ментори,


На 15. јуни (сабота) 2024 г. ќе се одржи 9. (11.) Државен натпревар по ПРИРОДНИ НАУКИ за учесниците од IV, V и VI одд. во просториите на Природно-математичкиот факултет (горна зграда) (ул. Архимедова, 3 Скопје).


  • Натпреварот ќе започне во 11:00 часот, а тестирањето ќе трае 45 минути.

(***Напомена за учесниците: одговорите во тестот треба да се внесуваат читко и со пенкало - нема да бидат оценувани одговори обележени со молив и одговори кои се поправани или пречкрттани).

  • Учениците треба да пристигнат најдоцна до 10:15 часот пред Природно-математичкиот факултет;
  • Влезовите пред кои ќе се повикуваат учениците ќе бидат обележани со ознака ВЛЕЗ 1 и ВЛЕЗ 2;
  • Објавуваме списоци на учениците кои ќе бидат повикувани од соодветниот влез (ВЛЕЗ 1 и ВЛЕЗ 2) 

(распределбата на учениците по влезови е по азбучен ред на имињата - Влез 2 - А-Ј, Влез 1 – Ј-Х).


  • Учесниците ќе бидат повикани пред соодветниот влез по редослед наведен во списоците и ќе бидат спроведени и сместени во соодветна просторија од страна на тестатори на МБД;
  • Прозивката и сместувањето на учениците во просториите ќе се одвива во период од 10:20 до 10:50 часот;


Со оглед на тоа што оваа година е релативно голем бројот на учесници на државниот натпревар (806), повикуваме на внимание за навремен транспорт и пристигнување на учениците.

Воедно напоменуваме дека просторот за паркирање е ограничен!


- ПРЕЛИМИНАРНИТЕ резултати и решенијата (клучеви) ќе бидат објавени после 16:00 часот;

- Поднесување приговори (онлајн – пополнувње на формулар од страна на менторите) во период од 45 минути по истакнување на прелиминарните резултати;

- Објавување на КОНЕЧНИТЕ резултати и наградувањето очекувајте го после 18:00 часот.



Ве очекуваме со радост во сабота на 15. јуни!



08.06.2024


СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

 

Објавуваме конечни резултати од 11.Државен натпревар по БИОЛОГИЈА за основно образование што се одржа на 8.јуни 2024 год.

 

На натпреварот учествува вкупно 700 ученици (VII- 278, VIII- 220, IX- 202), а наградени се вкупно 674 ученици.

Наградите се во зависност од бројот освоени бодови за секоја категорија, а се распределуваат во проценти од максималниот број на освоени бодови во соодветната категорија.

 

Искрени честитки до сите ученици и ментори за учеството и постигнатиот успех!

 

Со почит,

Комисија за натпревари по биологија

Македонско биолошко друштво

 

7.odd. Drzaven 2024 konechni rezultati.pdf 7.odd. Drzaven 2024 konechni rezultati.pdf
Size : 624.958 Kb
Type : pdf
8.odd. Drzaven 2024 konechni rezultati.pdf 8.odd. Drzaven 2024 konechni rezultati.pdf
Size : 392.295 Kb
Type : pdf
9.odd. Drzaven 2024 konechni rezultati.pdf 9.odd. Drzaven 2024 konechni rezultati.pdf
Size : 419.841 Kb
Type : pdf

8.06.2025 (15:40)




ПРЕЛИМИНАРНИ РЕЗУЛТАТИ


Почитувани ученици и ментори,

ги објавуваме  ПРЕЛИМИНАРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ од државниот натпревар по биологија за основно образование.

(клучевите ќе ги најдете во предходната објава)


9.odd. 8.juni-preliminarni rezultati.pdf 9.odd. 8.juni-preliminarni rezultati.pdf
Size : 427.451 Kb
Type : pdf
8.odd. 8.juni-preliminarni rezultati.pdf 8.odd. 8.juni-preliminarni rezultati.pdf
Size : 376.78 Kb
Type : pdf
7.odd. 8.juni-preliminarni rezultati.pdf 7.odd. 8.juni-preliminarni rezultati.pdf
Size : 608.28 Kb
Type : pdf

08.06.2025 (15:00)




ИЗВЕСТУВАЊЕ



Почитувани ученици и ментори,

ги објавуваме  клучевите од државниот натпревар по биологија за основно образование. 

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на веб страната на МБД наскоро.


НАПОМЕНА: Поднесување на приговори онлајн во период од 30 минути од моментот на објава на прелиминарните резултати.

 


  05.06.2024


АКТИВНОСТИ на 8.јуни 2024

-11. ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА-

  • Учениците треба да пристигнат најдоцна до 9:15 часот пред Природно-математичкиот факултет;
  • Прозивка на учениците пред влез 1 и влез 2 во период од 9:20 до 9:50 часот, а натпреварот ќе започне во 10:00 часот;
  • Тестирањето ќе трае 45 минути;
  • Истакнување (простори пред влез 1 и влез 2) и објавување (на интернет страна на МБД) на ПРЕЛИМИНАРНИТЕ резултати и решенијата (клучеви) во 15:00 часот;
  • Поднесување на приговори онлајн во период од 30 минути по истакнување на прелиминарните резултати;
  • Истакнување и објавување на КОНЕЧНИТЕ резултати околу 16:00 часот.  

  Македонско биолошко друштво


03.06.2024



ИЗВЕСТУВАЊЕ  за 11. ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА

 

Почитувани ученици и ментори,

 

На 8. јуни (сабота) 2024 г. ќе се одржи 11. Државен натпревар по БИОЛОГИЈА за учесниците од основни училишта во просториите на Природно-математичкиот факултет (горна зграда) (ул. Архимедова, 3 Скопје).

 

Напомена:

  • За учениците од трите категории (VII, VIII и IX одд.) натпреварот ќе започне во 10:00 часот
  • Учениците треба да пристигнат најдоцна до 9:15 часот пред Природно-математичкиот факултет;
  • Учениците треба да носат прибор за пишување, калкулатор;
  • Влезовите ќе бидат обележани ВЛЕЗ 1 и ВЛЕЗ 2;
  • Учесниците ќе бидат повикани пред соодветниот влез по редослед наведен во списоците и ќе бидат спроведени и сместени во соодветна просторија од страна на тестатори на МБД;
  • Прозивката и сместувањето на учениците во просториите ќе се одвива во период од 9:20 до 9:50 часот;

 

Со оглед на тоа што оваа година е релативно голем бројот на учесници на државниот натпревар (725), повикуваме на внимание за навремен транспорт и пристигнување на учениците и воедно напоменуваме дека просторот за паркирање е ограничен!

 

 

Ве очекуваме со радост во сабота на 8. јуни!

 

Македонско биолошко друштво


Spisok na uchenici za 8.juni 2024.pdf Spisok na uchenici za 8.juni 2024.pdf
Size : 351.238 Kb
Type : pdf


18.05.2024




ИЗВЕСТУВАЊЕ



Почитувани ученици и ментори, 


ги објавуваме конечните  резултати од 11.Државен натпревар по биологија за учениците од средните училишта.

Честитки до сите учесници и нивните ментори за остварените успеси !


III godina Drzaven konechni.pdf III godina Drzaven konechni.pdf
Size : 259.563 Kb
Type : pdf
II godina Drzaven konechni.pdf II godina Drzaven konechni.pdf
Size : 220.796 Kb
Type : pdf
I godina Drzaven konechni.pdf I godina Drzaven konechni.pdf
Size : 252.348 Kb
Type : pdf

18.05.2025




ИЗВЕСТУВАЊЕ



Почитувани ученици и ментори,

ги објавуваме прелиминарните резултати и клучевите од државниот натпревар по биологија за средно образование. 

Поднесувањето на приговори ќе се одвива на ПМФ, горна зграда најдоцна до 14:30 минути.

Конечните резултати ќе бидат објавени на веб страната на МБД после 15:30 чаост.


I godina Drzaven-preliminarni.pdf I godina Drzaven-preliminarni.pdf
Size : 207.078 Kb
Type : pdf
II godina Drzaven-preliminarni (1).pdf II godina Drzaven-preliminarni (1).pdf
Size : 180.939 Kb
Type : pdf
клуч, II, државен, 2024.pdf клуч, II, државен, 2024.pdf
Size : 775.227 Kb
Type : pdf
ALB, клуч, II, државен, 2024.pdf ALB, клуч, II, државен, 2024.pdf
Size : 703.494 Kb
Type : pdf
III godina Drzaven-preliminarni.pdf III godina Drzaven-preliminarni.pdf
Size : 237.606 Kb
Type : pdf
3 год. државен_КЛУЧ_2024.pdf 3 год. државен_КЛУЧ_2024.pdf
Size : 618.409 Kb
Type : pdf
3 год. државен_КЛУЧ_2024 ALB.pdf 3 год. државен_КЛУЧ_2024 ALB.pdf
Size : 615.972 Kb
Type : pdf

14.05.2024




ИЗВЕСТУВАЊЕ  за 11. ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА

 


Почитувани ученици и ментори,

На 18. мај (сабота) 2024 г. ќе се одржи 11. Државен натпревар по БИОЛОГИЈА за учесниците од средни училишта во просториите на Природно-математичкиот факултет (горна зграда) (ул. Архимедова, 3).

 

Напомена:

  • За учениците од трите категории(I., II. и III. година) натпреварот започнува во 10:00 часот
  • Учениците треба да пристигнат најдоцна до 9:20 часот пред Природно-математичкиот факултет;
  • Учениците треба да носат прибор за пишување, калкулатор;
  • Во објавената табела даден е распоред на учениците по простории и влез во зградата.
  • Влезовите ќе бидат обележани, а во зградата на ПМФ ќе бидат означени насоки за движење кон просториите (амфитеатри и слушални);
  • Учесниците  ќе бидат повикани пред соодветниот влез (Влез 1, Влез 2) и спроведени до соодветната просторија од тестатори на МБД;
  • Прозивката и сместувањето на учениците во просториите ќе се одвива во период од 9:20 до 9:50 часот;

 

Учесниците распоредени во:  

  • Физички амфитеатар
  • Мал физички амфитеатар
  • Математички амфитеатар

го користат Влез 1 за влегување во зградата на ПМФ

 

Учесниците распоредени во   

  • Факултетски амфитеатар
  • Слушална 301
  • Слушална 95

 

го користат Влез 2 за влегување во зградата на ПМФ

Ве очекуваме на 18. мај!

 

Македонско биолошко друштво

 

 

Raspored za Drzaven SREDNO 2024.pdf Raspored za Drzaven SREDNO 2024.pdf
Size : 232.72 Kb
Type : pdf

26.04.2024


ИЗВЕСТУВАЊЕ


Почитувани ментори и ученици, 


Ги објавуваме конечните резултати од Државниот натпревар по биологија за 4. година средно образование.



26.04.2024


ИЗВЕСТУВАЊЕ


Почитувани ментори иученици, 


Ги објавуваме прелиминарнитерезултати Државниот натпревар по биологија за 4. година средно образование.

 

23.04.2024


ИЗВЕСТУВАЊЕ

11. Државен натпревар по биологија за учениците од 4. година средно образование ќе се одржи на 26.април (петок) 2024 на Природно-математичкиот факултет во Скопје.


Учениците ги очекуваме во аулата на ПМФ во 12 часот.


Со почит,

МБД

09.04.2024



СООПШТЕНИЕ

Почитувани ментори иученици, 


Ги објавуваме конечнте резултати и ранг листи од Регионалните натпревари по природни науки.

Ранг листа за 4 одд..pdf Ранг листа за 4 одд..pdf
Size : 1217.99 Kb
Type : pdf
Ранг листа за 5 одд..pdf Ранг листа за 5 одд..pdf
Size : 960.465 Kb
Type : pdf
Ранг листа за 6 одд..pdf Ранг листа за 6 одд..pdf
Size : 807.661 Kb
Type : pdf

Списоци со учениците кои имаат пласман за учество на државен натпревар:

05.04.2024

СООПШТЕНИЕ


Почитувани ментори и ученици,

Објавуваме прелиминарни резултати од Регионалните натпревари по природни науки одржани на 05. март 2024. 

02.04.2024



СООПШТЕНИЕ

Почитувани ментори иученици, 


Ги објавуваме конечнте резултати и ранг листи од Регионалните натпревари по биологија за основно образование.


Списоци со учениците кои имаат пласман за учество на државен натпревар:

01.04.2024


ИЗВЕСТУВАЊЕ


Регионалните натпревари по природни науки ќе се одржат во петок на 5. април 2024 г. (учениците ги отвораат тестовите користејќи ги лозинките и корисничките имиња од општинските натпревари). 

Термини на започнување на натпревар и распоред на категории:

-  8:15  за 4.одд.  

-  10:00  за 5.одд.

- 11:30 за 6.одд.

Тестот за сите категории содржи прашања вреднувани со 50 бодови, а тестирањето е со времетраење од 40 минути. 

На учениците и менторите им посакуваме успеси!

 

РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТИРАЊЕТО:

 - резултатите од тестирањето за секој ученик, менторите ќе ги добијат во петок на 5. април во период од 13:00 до 15:00 часот

прелиминарни резултати ќе бидат објавени во петок на  5. април во период од 15:00 до 17:00 часот

- менторите ќе имаат можност да доставуваат приговори во период од 15:00 петок (5. април) до 12:00 понеделник (8. април) (линкот за приговори е испратен до менторите).

- Комисијата доставува одговор на приговорите  во период од 

12:00 понеделник (8.април) до 12:00 вторник (9.април).

- конечните резултати и пласманот на Државен натпревар ќе бидат објавени во вторник, 9.април најдоцна до 20:00 часот.

МБД

29.03.2024


ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД РЕГИОНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ ПО БИОЛОГИЈА одржани на 29.март 2024 г.

 

Почитувани ментори и ученици,

Ги објавуваме прелиминарните резултати од регионалните натпревари по биологија за основно образование. 

Менторите ќе имаат можност да достават приговори во период од 15:00 петок (29.март) до 12:00 понеделник (1. април), а одговор на приговорите во период од 12:00 понеделник (1.април) до 12:00 вторник (2.април). 

Конечните резултати и пласман на Државен натпревар ќе бидат објавени на 2.април (вторник) најдоцна до 20:00 часот.

 

28.03.2024


ИЗВЕСТУВАЊЕ!


за Регионалните натпревари по биологија за учениците од основните училишта што ќе се одржи во петок на 29.март 2024 г.

Тестот за сите категории содржи 50 прашања (50 бодови), а времетреање на тестирањето е 40 минути. 


- Почеток на тестирањето  - 9:00 часот.

- термин на испраќање резултатите - петок (29. март) во период од 13:00 до 15:00 

- објавување прелиминарни резултати -  петок (29. март) во период од 15:00 до 17:00 

- поднесување приговори - во период од 15:00 петок (29. март) до 12:00 понеделник (01. април) 

- доставување одговор на приговори - во период од 12:00 понеделник (02. април) до 12:00 вторник (03. април)

- објавување конечни резултати - најдоцна до 19:00 вторник (03. април)


На учесниците им посакуваме големи успеси!


Македонско биолошко друштво

19.03.2024


СООПШТЕНИЕ

Почитувани ментори иученици, 

објавуваме:

- ранг листи со конечни резултати од Регионалните натпревари по биологија и

- ранг листи по региони со награди и пласман за 11. Државен натпревар по биологија за учениците од средните училишта одржани на 15.март 2024 год.

 

Regionalni I godina,nagradi i plasman.pdf Regionalni I godina,nagradi i plasman.pdf
Size : 210.244 Kb
Type : pdf
Rang lista so konechni Regionalni I godina.pdf Rang lista so konechni Regionalni I godina.pdf
Size : 229.523 Kb
Type : pdf
Regionalni II godina,nagradi i plasman.pdf Regionalni II godina,nagradi i plasman.pdf
Size : 204.029 Kb
Type : pdf
Regionalni III godina,nagradi i plasman.pdf Regionalni III godina,nagradi i plasman.pdf
Size : 218.699 Kb
Type : pdf
Regionalni IV godina,nagradi i plasman.pdf Regionalni IV godina,nagradi i plasman.pdf
Size : 171.709 Kb
Type : pdf

15.03.2024

СООПШТЕНИЕ


Почитувани ментори и ученици,

Објавуваме прелиминарни резултати од Регионалните натпревари по биологија за средно образование одржани на 15. март 2024. 

11.03.2024


ИЗВЕСТУВАЊЕ!


за Регионалните натпревари по биологија за учениците од средните училишта што ќе се одржи во петок на 15.март 2024 г.

Тестот за сите категории содржи 50 прашања (50 бодови), а времетреање на тестирањето е 40 минути. 


- Почеток на тестирањето  - 9:00 часот.

- термин на испраќање резултатите - петок (15.март) во период од 13:00 до 15:00 

- објавување прелиминарни резултати -  петок (15.март) во период од 15:00 до 17:00 

- поднесување приговори - во период од 15:00 петок (15.март) до 12:00 понеделник (18.март) 

- доставување одговор на приговори - во период од 12:00 понеделник (18.март) до 12:00 вторник (19.март)

- објавување конечни резултати - најдоцна до 19:00 вторник (19.март)


На учесниците им посакуваме големи успеси!


Македонско биолошко друштво

01.03.2024


СООПШТЕНИЕ


Почитувани ментори и ученици,

Објавуваме конечните резултати  2. селекционен натпревар од 6. Македонска олимпијада по биологија 2023/24 (заучество на IBO 2024).

Од рангираните ученици, првите 4 натпреварувачи ќе ја претставуваат Македонија на олимпијадата.

Тоа се учениците:

Тамара Лазаровска, III  година, од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“

Сарах Абдулаху, IV година, од ПСУ „Алгоритам Центар“

Теона Ана Георгиевска, II година, од ПСУ „Јахја Кемал“ 

Натали Кировска, III година, од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“



На сите ученици што учествуваа на селекционите натпревари и на нивните ментори им го честитаме успехот, а со олимпијците продолжуваме понатаму во очекување на достојно и успешно претставување на Македонија на оваа престижна олимпијада.

Македонско биолошко друштво.


27.02.2024


СООПШТЕНИЕ



Почитувани ментори и ученици,

Објавуваме конечните резултати од Општинските натпревари по природни науки одржани на 23.февруари, како и списокот на ученици кои се пласирани на регионалните натпревари. 

23.02.2024


                                                                                   СООПШТЕНИЕ


Почитувани ментори и ученици,

Објавуваме прелиминарни резултати од Општинските натпревари по природни науки одржани на 23.февруари. 

23.02.2024

ИНФОРМАЦИИ за РЕЗУЛТАТИ од ТЕСТИРАЊЕТО
(природни науки)

Резултатите од спроведените натпревари по природни науки ќе бидат доставени до менторите денес (23.февруари) во период од 13:00 до 16:00 часот.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени денес во период од 15:00 до 17:00 часот.

Менторите ќе имаат можност да поднесуваат приговори во период од 15:00 петок (23.февруари) до 12:00 понеделник (26.февруари) (на линк што е доставен до менторите).

Одговорите на приговори ќе бидат доставувани до менторите во период од 12:00 понеделник (26. февруари) до 12:00 вторник (27. февруари).

Конечните резултати и пласманот за регионалнтие натпревари ќе се објават во вторник (28.февруари) најдоцна до 19:00 часот. 



МБД

22.02.2024


ИЗВЕСТУВАЊЕ



Почитувани ментори и ученици,

Ги објавуваме списоците на ученици пријавени за учествона општинскиот наптревар по природни науки

21

ИЗВЕСТУВАЊЕ!  

Општинските натпревари по природни науки ќе се одржат online (во училиштата) на 23.февруари (петок) 2024 г. со почеток во:  

8:15 за учениците од 4.одд.

10:00 за учениците од 5.одд.

11:30 за учениците од 6.одд.


Посакуваме успех на нашите вљубеници во природните науки!

20.02.2024


 СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,  

По спроведување на 11. Општински натпревари по биологија за основно образование и по разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати и листа на учесници кои остварија пласман за учество на Регионален натпревар.  

Со почит, 

Македонско биолошко друштво

13.02.2024


Известување

Список на пријавени ученици од основните учичишта за 11. Општински натпревар по природни науки закажан за 23.02.2024 год. 


16.02.2024

 СООПШТЕНИЕ



Почитувани ученици и ментори,

 Ги објавуваме прелиминарните резултати од општинскиот натпревар по биологија за основно образование

Со почит, 

МБД

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Список на ученици за 11.Општински натпревари по биологија за основно образование - 16. февруари 2024 г.

14.02.2024



ИЗВЕСТУВАЊЕ

за

11. Општински натпревари по биологија за учениците од основни училишта


Натпреварите ќе се одржат во петок на 16.февруари 2024 во 9:00.

Резултатите од онлајн тестирањето за секој ученик ќе ги добијат менторите, на 16. февруари период од 13:00 до 15:00

Објавување на прелиминарните резултати на 16. февруари во период од 15:00 до 17:00 часот

Поднесување приговори - во период од 15:00 петок (16.февруари) до 12:00 понеделник (19. февруари)

Доставување одговор на приговори - во период од 12:00 понеделник (19. февруари) до 12:00 вторник (20. февруари)

Објавување конечни резултативторник (20.февруари) најдоцна до 19:00 часот.


Посакуваме успеси на натпреварувачите и менторите!


Македонско биолошко друштво

31. 01. 2024


ИЗВЕСТУВАЊЕ

за Селекциони натпревари за учество на

Меѓународната олимпијада по биологија 2024 (Казахстан, јули 2024)



Почитувани ученици и ментори,

Ве известуваме дека вториот Селекционен натпревар за учество на Меѓународната олимпијада по биологија 2024,  ќе се одржи на 01.03.2024 година (петок), со почеток во 12 часот на Природно-математичкиот факултете во Скопје (учениците да бидат пристигнати пред влезот на горната зграда најдоцна до 11. 45 часот). 

Во тимот за престојната Олимпијада ќе влезат четирите прворангирани кандидати на овој селекционен натпревар.  

Доколку 5то рангираниот кандидат е со ист број на бодови како еден или повеќе од повисоко рангираните, за кандидатите со ист број на бодови ќе се изведе дополнително рангирање според вкупниот број на бодови од првиот и вториот селекционен натпревар. 

Доколку и со вакво рангирање не може да бидат избрани претставници поради ист број на бодови, тогаш во друг термин и само за овие кандидати, ќе биде одржан дополнителен селекционен натпревар.




Со почит,

МБД



30. 01. 2024

 СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,


По разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати од 11. Општински натпревари по биологија за средно образование одржани на 26. јануари 2024 год.

Упатуваме честитки до учениците и менторите за учеството и покажаниот успех.

Наградите за Општинските натпревари се во зависност од максималните освоени бодови во одредена категорија.


Наградите за сите категории се распределуваат во ранг на проценти од максимално освоените бодови во соодветната категорија (50):

од 86- 100% – Прва награда

од 71 – 85% – Втора награда

од 56 – 70% – Трета награда

од 41 – 55% – Пофалница

Останатите учесници добиваат потврда за учество.


Селекцијата за учество на 11. Регионални натпревари по биологија е определена со примена на:

Првиот критериум – првопласираните учесници на општинските натпревари од секоја општина во секоја категорија (во објавените табели означени со „I критериум“) и

Вториот критериум – дополнување до одреден процент (околу 90%) од учесниците на Општинските натпревари рангирани по освоени бодови, (во објавените табели означени со „II критериум“).

Напоменуваме дека кај сите категории (четири различни ранг листи) со примена на вториот критериум се обезбеди речиси ист процент (околу 90%) на ученици кои преминуваат на наредно ниво натпревари.

На пласирните ученици им посакуваме успех на Регионалните натпревари по биологија закажани за 15. март 2024!


Комисија за натпревари по биологија

во средните уилишта

Македонско биолошко друштво

SREDNO Konechni rezultati I godina.pdf SREDNO Konechni rezultati I godina.pdf
Size : 232.451 Kb
Type : pdf
SREDNO Konechni rezultati II godina.pdf SREDNO Konechni rezultati II godina.pdf
Size : 229.868 Kb
Type : pdf
SREDNO Konechni rezultati III godina.pdf SREDNO Konechni rezultati III godina.pdf
Size : 253.363 Kb
Type : pdf
SREDNO Konechni rezultati IV godina.pdf SREDNO Konechni rezultati IV godina.pdf
Size : 145.831 Kb
Type : pdf

26. 01. 2024

 СООПШТЕНИЕ



Почитувани ученици и ментори,

 Ги објавуваме прелиминарните резултати од општинскиот натпревар по биологија за средно образование

Со почит, 

МБД

ИНФОРМАЦИИ за Општинските натпревари по биологија за учениците од средните училишта што ќе се одржат во петок на 26. јануари 2024 год.

 

 

- почеток на натпреварот -  10:00 часот (учениците треба да бидат сместени во предвидени училници за спроведување на натпреварот во своите училишта 15 минути пред 10 часот)

 - тестот за сите категории содржи 50 прашања (50 бодови)

- времетраење на тестирањето  е 45 минути

- резултатите од тестирањето секој ученик ќе ги добие во период од 13:00 до 15:00 часот

- објавување прелиминарни резултати во период од 15:00 до 17:00 часот

- поднесување приговори - во период од 15:00 петок (26.јануари) до 12:00 понеделник (29.јануари) 

- доставување одговор на приговори - во период од 12:00 понеделник (29.јануари) до 12:00 вторник (30.јануари)

- објавување конечни резултати – вторник, 30.јануари до 19:00 часот

16.01.2023


Известување

Список на пријавени ученици од средни училишта за 11.Општински натпревар по биологија


Известување

На 20. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2023) која се одржува од 1 до 10 декември 2023 година во Бангкок, Тајланд, олимпијците од македонскиот тим освоија 4 бронзени медали, и тоа:

•       Андреа Нешковска, ученичка во прва година во СОУ „Јосип Броз-Тито“ во Битола

•       Даниел Христовски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје

•       Ивано Божиновски, ученик во прва година во „Математичко-информатичка гимназија“ во Скопје

•       Елена Јовановиќ, ученичка во прва година во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје

На олимпијадата успешно се претставија и учениците:

•       Андреј Доневски, ученик во прва година во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ во Куманово

•       Мила Порјазоска, ученичка во деветто одделение во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром, Скопје

 

Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД) им го честитаат големиот успех на учениците и се заблагодаруваат на водачите и на сите оние кои дадоа придонес во организацијата на општинските, регионалните и државните натпревари по физика, хемија и биологија, на двата селекциони натпревари преку кои беше избран македонскиот тим.

Во оваа прилика уште еднаш се заблагодаруваме и на ФД СН Финансии ДОО Битола од Битола кои целосно ги покрија трошоците за учеството на оваа олимпијада.

 

Честитки за младите олимпијци и посакуваме многу успеси во иднина!

 

МБД

29.09.2023

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за Селекциони натпревари за учество на

Меѓународната олимпијада по биологија 2024 (Казахстан, јули 2024)



Почитувани ученици и ментори,
Ги објавуваме конечните резултати од првиот селекционен натпревар. 


Честитки за постигнатиот успех!


Македонско биолошко друштво

11.09.2023

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за Селекциони натпревари за учество на

Меѓународната олимпијада по биологија 2024 (Казахстан, јули 2024)

Почитувани ученици и ментори,

Ве известуваме дека првиот Селекционен натпревар за учество на Меѓународната олимпијада по биологија 2024,  ќе се одржи на 29.09.2023 година (петок), со почеток во 10 часот на Природно-математичкиот факултете во Скопје (учениците да бидат пристигнати пред влезот на горната зграда најдоцна до 9. 45 часот).

Со почит,

МБД



29.8.2023

Соопштение за селекционите натпревари за 20-та Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2023)

Во текот на летото 2023 година се одржаа два селекциони натпревари за избор на тимот ученици кои ќе ја претставуваат Македонија на 20-та Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2023), која ќе се одржи во Бангкок (Тајланд), од 1 до 10 декември 2023 година.

На привиот селекционен натпревар (3.7.2023, ПМФ во Скопје) беа поканети и учествуваа најдобро рангираните ученици од основните училишта на државните натпревари по физика, хемија и биологија. Од повиканите 74 ученици на натпреварот учествуваа 41 ученик. Пласман за понатаму изборија 23 ученици.

На вториот селекционен натпревар (Шеста македонска олимпијада по природни науки) учествуваа 22 натпреварувачи. Учениците решаваа теоретски проблеми и нумерички задачи од три области (физика, хемија и биологија) според содржините во програмата за олимпијадата. Од рангираните ученици, првите 6 натпреварувачи ќе ја претставуваат Македонија на олимпијадата.

Тоа се учениците:

1. Андреа Нешковска, ученичка во девето одд. во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ во Битола.

2. Даниел Христовски, ученик во девето одд. во ООУ „Јан Амос Коменски“ во Карпош.

3. Ивано Божиновски, ученик во девето одд. во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром.

4. Андреј Доневски, ученик во девето одд. во ООУ „Кочо Рацин“ во Куманово.

5. Елена Јовановиќ, ученичка во девето одд. во ООУ „11 Октомври“ во Центар.

6. Мила Порјозоска, ученичка во осмо одд. во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром.


На сите ученици што учествуваа на селекционите натпревари и на нивните ментори им го честитаме успехот, а со олимпијците продолжуваме понатаму во очекување на достојно и успешно претставување на Македонија на оваа престижна олимпијада.



Друштво на физичарите на Република Македонија

Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија

Македонско биолошко друштво

07.07.2023 


СООПШТЕНИЕ



Се известуваат учениците кои на Првиот селекционен натпревар по природни науки изборија пласман, дека Вториот селекционен натпревар по природни науки, на кој ќе се одбере тим кој ќе учествува на 20. Меѓународна олимпијада по природни науки во Тајланд, ќе се одржи на 23.08.2023 година (среда), со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултете во Скопје (учениците да бидат пристигнати во Горна зграда најкасно до 9.30 часот).


Прашањата по биологија за вториот селекционен натпревар ќе бидат составувани согласно темите наведени во IJSO силабусот.



Со почит

ДФРМ, СХТМ, МБД

 

IJSO2023_Izvestuvanje_II_Selekcionen 2023.pdf IJSO2023_Izvestuvanje_II_Selekcionen 2023.pdf
Size : 199.821 Kb
Type : pdf
Литература-2023-интернет.pdf Литература-2023-интернет.pdf
Size : 227.128 Kb
Type : pdf

03.07.2023 


СООПШТЕНИЕ

По одржаниот Прв селекционен натпревар по природни науки на Природно - математичкиот факултет во Скопје, следниве ученици се покануваат на Вториот селекционен натпревар кој ќе се одржи крај на август - почеток на септември 2023 година.

Дополнително известување за Вториот селекционен натпревар ќе има на страните на ДФРМ, СХТМ и МБД во следните денови.

На сите ученици ДФРМ,СХТМ и МБД им го честита успехот!


Пласман на втор.pdf Пласман на втор.pdf
Size : 126.257 Kb
Type : pdf

21.06.2023

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за Селекциони натпревари за учество на

Меѓународната олимпијада по биологија 2024 (Казахстан, јули 2024)

 

Почитувани ученици и ментори,

 

Македонското биолошко друштво спроведува активности за селекција и подготовка на ученици за учество на Меѓународната олимпијада по биологија (https://www.ibo-info.org/).

Селекционите натпревари (6. Македонска олимпијада по биологија 2023/24)   ќе се одржат во три термини (септември, февруари, април).

На 1. Селекционен натпревар се покануваат учениците кои имале најдобри резултати на Државните натпревари по биологија за средно образование одржани во 2023 година.

Преземи ја листата на поканети ученици!


Pokaneti za IBO 2024.pdf Pokaneti za IBO 2024.pdf
Size : 123.57 Kb
Type : pdf

Преземи го деталното известување за Селекциониот натпревар!

Со почит, 

Македонско биолошко друштво

13. 06. 2023

 СООПШТЕНИЕ



Почитувани ученици и ментори,

 Ги објавуваме конечните резултати од државниот натпревар по природни науки.

Ви честитаме за постигнатиот успех!

4.odd Konechni rezultati drzaven 2023.pdf 4.odd Konechni rezultati drzaven 2023.pdf
Size : 237.94 Kb
Type : pdf
5.odd Konechni rezultati drzaven 2023.pdf 5.odd Konechni rezultati drzaven 2023.pdf
Size : 221.013 Kb
Type : pdf
6.odd Konechni rezultati drzaven 2023.pdf 6.odd Konechni rezultati drzaven 2023.pdf
Size : 206.395 Kb
Type : pdf

СООПШТЕНИЕ 

 

ПРИГОВОРИ за Државниот натпревар по природни науки одржан на 10.јуни 2023 менторите може да ги доставуваат во понеделник (12.јуни 2023) во период од 8:00 до 15:00 часот со пополнување на формулар на линкот:      https://forms.gle/BFbEKd8eApxoXVy7A


Одговор на приговорите ќе биде доставен до менторите по електронски пат, а КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ќе бидат објавени вторник (13.јуни 2023). 

Напомена: Приговорите доставени од родители како и приговорите доставени на е-маил нема да бидат разгледувани!

10.06.2023

ИЗВЕСТУВАЊЕ


Почитувани ученици и ментори,


Ги објавуваме прелиминарните резултати од денешниот натпревар по природни науки: 

6.odd Preliminarni drzaven 2023.pdf 6.odd Preliminarni drzaven 2023.pdf
Size : 474.448 Kb
Type : pdf
5.odd Preliminarni drzaven 2023.pdf 5.odd Preliminarni drzaven 2023.pdf
Size : 490.526 Kb
Type : pdf
4.odd Preliminarni drzaven 2023.pdf 4.odd Preliminarni drzaven 2023.pdf
Size : 482.05 Kb
Type : pdf
Клуч Државен 4 одд. 2023.pdf Клуч Државен 4 одд. 2023.pdf
Size : 819.029 Kb
Type : pdf
Клуч Државен 4 одд. 2023 ALB.pdf Клуч Државен 4 одд. 2023 ALB.pdf
Size : 741.798 Kb
Type : pdf
Клуч Државен 5 одд. 2023.pdf Клуч Државен 5 одд. 2023.pdf
Size : 317.243 Kb
Type : pdf
Клуч Државен 5 одд. 2023 ALB.pdf Клуч Државен 5 одд. 2023 ALB.pdf
Size : 310.564 Kb
Type : pdf
Клуч Државен 6 одд. 2023.pdf Клуч Државен 6 одд. 2023.pdf
Size : 467.725 Kb
Type : pdf
Клуч Државен 6 одд. 2023 ALB.pdf Клуч Државен 6 одд. 2023 ALB.pdf
Size : 373.906 Kb
Type : pdf

08.06.2023

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за селекциони натпревари за учество на IJSO 2023! 

Првиот селекциониот натпревар во рамките на 6. Македонска олимпијада по природни науки за учество на IJSO 2023 (Меѓународна Јуниорска Олимпијада по природни науки), ќе се одржи на 03.07.2022 година (понеделник), со почеток од 10 часот на Природно - математичкиот факултет во Скопје (Горна зграда). 

На Селекциониот натпревар се покануваат учениците кои имале најдобри резултати на Државните натпревари по физика, хемија и биологија одржани во 2023 година.

Преземи ја листата на поканети ученици!

Поканетите ученици за учество на овој натпревар задолжително треба да го потврдат своето учество со испраќање на порака на следнава адреса: fizikanatprevari@gmail.com најдоцна до 26.06.2023 година (23.59).

Доколку учениците не го потврдат учеството до крајниот датум ќе се смета дека нема да учествуваат на натпреварот. 

Преземи го деталното известување за Селекциониот натпревар!

Со почит, 

Македонско биолошко друштво

Друштво на физичари на Република Македонија

Сојуз на хемичари и технолози на Македонија

05.06.2023

СООПШТЕНИЕ за ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ПРИРОДНИ НАУКИ


Почитувани ученици и ментори,


На 10. јуни (сабота) 2023 г. ќе се одржи Државен натпревар по ПРИРОДНИ НАУКИ за учесниците од IV, V и VI одд. во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје (горна зграда, ул. Архимедова, 3).


Известување:

· За учениците од трите категории (4., 5. и 6. одд.) натпреварот започнува во 10:00 часот.

Тестирањето ќе се одвива во времетраење од 60 минути;

· Во објавената табела даден е распоред на учениците по простории (амфитеатри и слушални) и влез за влегување во зградата на ПМФ (влезовите ќе бидат обележани);

· Учениците треба да пристигнат до 9:15 часот пред соодветниот влез (Влез 1 или Влез 2) и ќе бидат повикани пред соодветниот влез и спроведени до соодветната просторија од тестатори на МБД;

· Прозивката и сместувањето на учениците во просториите ќе се одвива во период од 9:20 до 9:50 часот;

· Учениците треба да носат прибор за пишување и калкулатор;


Учесниците распоредени* во Математички амфитеатар, Слушална 95, Мал физички амфитеатар и Физички амфитеатар за влегување во зградата на ПМФ го користат Влез 1.

Учесниците распоредени* во Голем нов амфитеатар, Слушална 301, Слушална 241,  Слушална 242, Слушална 244 и Слушална 148.

*Прозивката на учениците ќе се одвива по редоследот на простории наведени во втората колона.




Ве очекуваме во сабота на 10. јуни!  

Македонско биолошко друштво



ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ПРИРОДНИ НАУКИ  2023

Информации за паркинг места

На располагање има 4 паркинзи означени на мапата подолу ( 1,2,3,4)

Паркингот означен со број 1 се наоѓа лево од општината Гази Баба и има капацитет од 20 паркинг места.


Паркингот означен со број 2 се наоѓа кај долната зграда на ПМФ - Институт за хемија и има капацитет од 35 паркинг места.

Паркингот означен со број 3 се наоѓа десно од горната зграда на Природно математичкиот факултет и има капацитет од 30 паркинг места.  ОВОЈ ПАРКИНГ Е НАМЕНЕТ ЗА АВТОБУСИ И МИНИБУСИ.

Паркингот означен со број 4 се наоѓа пред горната зграда на Природно математичкиот факултет, и има капацитет од 20  паркинг места. ОВОЈ ПАРКИНГ Е НАМЕНЕТ САМО ЗА АВТОМОБИЛИ.

30. 05. 2023

 СООПШТЕНИЕ



Почитувани ученици и ментори,

 Ги објавуваме конечните резултати од државниот натпревар по биологија за средно образование

Со почит, 

МБД

I godina Konechni rezultati 27.maj 2023.pdf I godina Konechni rezultati 27.maj 2023.pdf
Size : 194.245 Kb
Type : pdf
II godina Konechni rezultati 27.maj 2023.pdf II godina Konechni rezultati 27.maj 2023.pdf
Size : 191.942 Kb
Type : pdf
III godina Konechni rezultati 27.maj 2023.pdf III godina Konechni rezultati 27.maj 2023.pdf
Size : 202.663 Kb
Type : pdf

27.05.2023 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици и ментори,

Приговорите за ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА за средно образование одржан на 27. мај 2023 год.  може да ги поднесете преку следниот фомрулар: 

https://forms.gle/1EHbFteXW4dQYstR7 


**Приговорите доставени на е-маил нема да бидат разгледувани!

Формуларот ќе биде активен во понеделник (29.05.2023) од 8 до 15 часот. 

Конечните резултати ќе бидат објавени во вторник (30.05.2023) после 15 часот. 


Со почит,

МБД

 

27. мај 2023

 СООПШТЕНИЕ



Почитувани ученици и ментори,

 Ги објавуваме прелиминарните резултати од државниот натпревар по биологија за средно образование:

II, државен, 2023, КЛУЧ.pdf II, државен, 2023, КЛУЧ.pdf
Size : 453.094 Kb
Type : pdf
3 год. државен_КЛУЧ 2023 MKD.pdf 3 год. државен_КЛУЧ 2023 MKD.pdf
Size : 651.979 Kb
Type : pdf
3 год. државен_КЛУЧ 2023 ALB.pdf 3 год. државен_КЛУЧ 2023 ALB.pdf
Size : 595.729 Kb
Type : pdf

23.05.2023


ИЗВЕСТУВАЊЕ за 10. ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА


Почитувани ученици и ментори,

На 27. мај (сабота) 2023 г. ќе се одржи 10. Државен натпревар по БИОЛОГИЈА за учесниците од основни училишта во просториите на Природно-математичкиот факултет (горна зграда)

(ул. Архимедова, 3).


Напомена:

  • За учениците од трите категории (I., II. и III. година) натпреварот започнува во 10:00 часот
  • Учениците треба да пристигнат до 9:15 часот пред Природно-математичкиот факултет;
  • Учениците треба да носат прибор за пишување, калкулатор;
  • Во објавената табела даден е распоред на учениците по простории и влез во зградата (види подолу).
  • Влезовите ќе бидат обележани, а во зградата на ПМФ ќе бидат означени насоки за движење кон просториите (амфитеатри и слушални);
  • Учесниците ќе бидат повикани пред соодветниот влез (Влез 1, Влез 2) и спроведени до соодветната просторија од тестатори на МБД;
  • Прозивката и сместувањето на учениците во просториите ќе се одвива во период од 9:20 до 9:50 часот;


    Учесниците распоредени во :

Физички амфитеатар

Мал физички амфитеатар

Математички амфитеатар

го користат Влез 1 за влегување во зградата на ПМФ

Учесниците распоредени во :


Голем амфитеатар

Слушална 301

Слушална 148

Слушална 95

го користат Влез 2 за влегување во зградата на ПМФ


Ве очекуваме на 27. мај!

Македонско биолошко друштво




23. 05. 2023

 СООПШТЕНИЕ



Почитувани ученици и ментори,

 Ги објавуваме конечните резултати од државниот натпревар по биологија за основно образование.

Ви честитаме за постигнатиот успех!

22.05.2023 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици и ментори,

Приговорите за ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАРИ ПО БИОЛОГИЈА за 7., 8. и  9. одд. одржани на 20. мај 2023 год.  може да ги поднесете преку следниот фомрулар: https://forms.gle/RAepE6e4AcWkxTu6A 


**Приговорите доставени на е-маил нема да бидат разгледувани!

Формуларот ќе биде активен во понеделник (22.05.2023) од 8 до 15 часот. 

Конечните резултати ќе бидат објавени во вторник (23.05.2023) после 15 часот. 


Со почит,

МБД

20/05/2023


СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

 Ги објавуваме прелиминарните резултати од државниот натпревар по биологија за 7. 8. и 9. одделение:

 

Drzhaven natprevar IX 2023_kluc_mk.pdf Drzhaven natprevar IX 2023_kluc_mk.pdf
Size : 1336.999 Kb
Type : pdf
Drzhaven-natprevar-IX-2023_AL.pdf Drzhaven-natprevar-IX-2023_AL.pdf
Size : 1171.192 Kb
Type : pdf
8 ДРЖАВЕН, клуч 2023 .pdf 8 ДРЖАВЕН, клуч 2023 .pdf
Size : 414.993 Kb
Type : pdf
8 ДРЖАВЕН, kluc FINAL ALb.pdf 8 ДРЖАВЕН, kluc FINAL ALb.pdf
Size : 387.363 Kb
Type : pdf
Drzhaven natprevar IX 2023_kluc_mk.pdf Drzhaven natprevar IX 2023_kluc_mk.pdf
Size : 1277.366 Kb
Type : pdf
Drzhaven-natprevar-IX-2023_kluc_ALB.pdf Drzhaven-natprevar-IX-2023_kluc_ALB.pdf
Size : 1245.339 Kb
Type : pdf

С

CООПШТЕНИЕ ЗА 10. ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА

за учениците од основно образование

Напоменуваме дека учениците – учесници на државниот натпревар, покрај прибор за пишување, треба да понесат и калкулатор.

Ве молиме да ги погледнете мапите со упатство-можности за движење на автомобили и паркинг места во просторот на Природно-математичкиот факултет.  

ПРЕЛИМИНАРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ќе бидат објавени во сабота (20.мај 2023) во 17:00 часот на интернет страницата на МБД.

 

ПРИГОВОРИ ќе има можност да се поднесуваат во понеделник (22.мај 2023) во период од 8:00 до 15:00 часот (одговор на приговорите ќе биде доставен до менторите по електронски пат).

КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ќе бидат објавени во вторник (23.мај. 2023) на интернет страницата на МБД.

 ИЗВЕСТУВАЊЕ  ЗА 10. ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА

 

Почитувани ученици и ментори,

На 20. мај (сабота) 2023 г. ќе се одржи 10. Државен натпревар по БИОЛОГИЈА за учесниците од основни училишта во просториите на Природно-математичкиот факултет (горна зграда) (ул. Архимедова, 3).

Напомена:

  • За учениците од трите категории (7. 8, и 9. одд.) натпреварот започнува во 10:00 часот
  • Учениците треба да пристигнат најдоцна до 9:15 часот пред Природно-математичкиот факултет;
  • Учениците треба да носат прибор за пишување, калкулатор;
  • Влезовите ќе бидат обележани, а во зградата на ПМФ ќе бидат означени насоки за движење кон просториите (амфитеатри и слушални);
  • Учесниците ќе бидат повикани пред соодветниот влез (Влез 1, Влез 2) и спроведени до соодветната просторија од тестатори на МБД;
  • Прозивката и сместувањето на учениците во просториите ќе се одвива во период од 9:20 до 9:50 часот;

    Учесниците распоредени во :
  • Физички амфитеатар

  • Мал физички амфитеатар

  • Математички амфитеатар
    да го користат Влез 1 за влегување во зградата на ПМФ

    Учесниците распоредени во :

  • Нов голем амфитеатар

  • Слушална 301

  • Слушална 148

  • Слушална 95
    да го користат Влез 2 за влегување во зградата на ПМФ

Ве очекуваме со радост на 20. мај!

Македонско биолошко друштво

RASPORED po prostorii za 20.maj 2023.pdf RASPORED po prostorii za 20.maj 2023.pdf
Size : 368.299 Kb
Type : pdf

03. 05. 2023

 СООПШТЕНИЕ



Почитувани ученици и ментори,

 Ги објавуваме конечните резултати од државниот натпревар по биологија за 4. година средно образование

28. април 2023

 СООПШТЕНИЕ



Почитувани ученици и ментори,

 Ги објавуваме прелиминарните резултати од државниот натпревар по биологија за 4. година средно образование:

Дополнително известување: Поради недоволно јасно поставено прашање, одговорите на прашањето број 8, под б, кај сите учесници се бодувани со еден бод.

клуч, IV, државен, 2023.pdf клуч, IV, државен, 2023.pdf
Size : 1050.091 Kb
Type : pdf
клуч, IV, државен, 2023 ALB.pdf клуч, IV, државен, 2023 ALB.pdf
Size : 987.977 Kb
Type : pdf

Менторите може да ги доставуваат ПРИГОВОРИ во период од 9 часот (вторник 2. мај) до 15 часот (вторник 2. мај) на линк: https://forms.gle/SZchpk12WyNVL6s16 

Напомена: Приговорите доставени на е-маил нема да бидат разгледувани! 


КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ќе бидат објавени во среда (3. мај) најдоцна до 18 часот. 


МБД

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици и ментори,  

По спроведување на 10. Регионални натпревари по природни науки на 10. Април 2023 год. и по разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати и листа на учесници кои остварија пласман за учество на Државиот натпревар.  

Упатуваме честитки до учениците и менторите за учеството и остварениот успех на овие натпревари.  

Комисија за натпревари по биологија

Македонско биолошко друштво

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици и ментори,  

По спроведување на 10.Регионални натпревари по биологија за 7, 8, 9 одд на 07. Април 2023 год. и по разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати и листа на учесници кои остварија пласман за учество на Државиот натпревар.  

Упатуваме честитки до учениците и менторите за учеството и остварениот успех на овие натпревари.  

Комисија за натпревари по биологија

Македонско биолошко друштво

 

10.04.2023

ОБЈАВА 

на ПРЕЛИМИНАРНИ РЕЗУЛТАТИ од регионалните натпревари по ПРИРОДНИ НАУКИ одржани на 10.април.2023 г.

7.април 2023

 СООПШТЕНИЕ

 

 

РЕГИОНАЛНИ натпревари по ПРИРОДНИ НАУКИ (IV, V, VI одд.) ќе се спроведат 10.април (понеделник) со почеток во 9:00 часот во училиште.

 

РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТИРАЊЕТО:  - Резултатите (со освоени вкупни бодови и прашања кои се неточно одговорени) за секој ученик ќе бидат испратени во петок (10.април) во период од 11:00 до 12:00 часот (проверка - на компјутер и во spam или junk - често се случува пораки од ClassMarker да влезат во овие фолдери и за кусо време да бидат избришани)


 - за учесниците кои не го добиле резултатот (поради неисправна адреса или др.), во период од 12:00 петок до 13:00 часот - менторите треба да пријават на линк: https://forms.gle/Tyf9Mr9BQ4WUEy5N6         (резултатите ќе бидат испратени до менторите)

ПРЕЛИМИНАРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ќе бидат објавени во понеделни (10.април) по 17:00 часот

ПРИГОВОРИ менторите може да ги доставуваат во период од 12 часот (понеделник 10.април) до 12 часот (вторник 11.април) на линк: https://forms.gle/b6FeCpg3srVmgSRM9

 Напомена: Приговорите доставени на е-маил нема да бидат разгледувани!

 КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ќе бидат објавени во четврток (13. април) попладне. 


Македонско биолошко друштво

06.04.2023 г.


ИЗВЕСТУВАЊЕ


ОБЈАВА на ПРЕЛИМИНАРНИ РЕЗУЛТАТИ од РЕГИОНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ ПО БИОЛОГИЈА одржани 7.април 2023 г.

05.04.2023 г.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

РЕГИОНАЛНИТЕ натпревари по БИОЛОГИЈА (VII, VIII, IX одд.) ќе се спроведат на 7.април (петок) со почеток во 9:00 часот во училиште.   

РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТИРАЊЕТО: 

-Резултатите (со освоени вкупни бодови и прашања кои се неточно одговорени) за секој ученик ќе бидат испратени во петок (7.април) во период од 11:00 до 12:00 часот (проверка - на компјутер и во spam или junk - често се случува пораки од ClassMarker да влезат во овие фолдери и за кусо време да бидат истите избришани)  

- за учесниците кои не го добиле резултатот (поради неисправна адреса или др.), во период од 12:00 петок до 13:00 часот - менторите треба да пријават на линк: https://forms.gle/Tyf9Mr9BQ4WUEy5N6 (резултатите ќе бидат испратени до менторите).

ПРЕЛИМИНАРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ќе бидат објавени во петок (7.април) по 17:00 часот.

ПРИГОВОРИ менторите може да ги доставуваат во период од 12 часот (петок 7.април) до 12 часот (сабота 8.април) на линк: https://forms.gle/b6FeCpg3srVmgSRM9    

Напомена: Приговорите доставени на е-маил нема да бидат разгледувани! 


КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ќе бидат објавени во вторник (11.април) попладне.

МБД

 

22.03.2023 г.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици и ментори,  

По спроведување на 10.Регионални натпревари по биологија за I, II, III и IV година на 17. март 2023 год. и по разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати и листа на учесници кои остварија пласман за учество на Државиот натпревар.  

Упатуваме честитки до учениците и менторите за учеството и остварениот успех на овие натпревари.  

Ви посакуваме успешни подготовки за 10. Државен натпревар по биологија кој ќе се одржи на 27.мај 2023 (28.април 2023 за учесниците од IV година).  

Комисија за натпревари по биологија

Македонско биолошко друштво

о

18.03.2023


ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици и ментори,

Ги објавуваме прелиминаните резултати од

РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА за средно образование одржан на 17. Март 2023 г.

PRELIMINARNI REGIONALEN za I godina 2023.pdf PRELIMINARNI REGIONALEN za I godina 2023.pdf
Size : 240.98 Kb
Type : pdf
PRELIMINARNI REGIONALEN za II godina 2023.pdf PRELIMINARNI REGIONALEN za II godina 2023.pdf
Size : 272.461 Kb
Type : pdf
PRELIMINARNI REGIONALEN za III godina 2023.pdf PRELIMINARNI REGIONALEN za III godina 2023.pdf
Size : 331.547 Kb
Type : pdf
PRELIMINARNI REGIONALEN za IV godina 2023.pdf PRELIMINARNI REGIONALEN za IV godina 2023.pdf
Size : 139.56 Kb
Type : pdf

16.03.2023

 СООПШТЕНИЕ


Почитувани,Регионалните натпревари по биологија за средни училишта ќе се одржат на 17.март 2023 год. со почеток во 10 часот.Спроведувањето на натпреварите е од училиште, а онлајн тестирањето е со времетраење од 45 минути.ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТИРАЊЕТО: - Резултатите (со освоени вкупни бодови и прашања кои се неточно одговорени) за секој ученик ќе бидат испратени во петок (17.март) во период од 13:00 до 17:00 часот - (проверка на поштата - на компјутер и во spam или junk - често се случува пораки од ClassMarker да влезат во овие фолдери и за кусо време да бидат избришани)


 - За учесници кои не го добиле резултатот (поради неисправна адреса или др.), во период од 18:00 петок до 10:00 сабота, менторите треба да пријават на линк: https://forms.gle/YjDkwJcj2StKVpgF6  (резултатите ќе бидат испратени до менторите)


 - ПРЕЛИМИНАРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ќе бидат објавени во сабота (18.март) попладне (по 12:00 часот)


 - ПРИГОВОРИ** менторите може да ги доставуваат во понеделник (20.март) од 8:00 до 15:00 налинк: https://forms.gle/6G5ro5pkQ99M4UcB6(прв работен ден по натпреварите за да може секој ученик да оствари контакт со менторот)

**Приговорите испратени на e-mail нема да бидат разгледани


 - КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ со ранг листа и пласман за регионалните натпревари ќе бидат објавени во среда (22.март).


Посакуваме успеси на учесниците!


Македонско биолошко друштво

15.03.2023

ИЗВЕСТУВАЊЕ


Почитувани ученици и 
ментори,

 

По спроведување на 10. Општински натпревари по природни науки кои се одржаа на 10.март 2023 г. и по разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати и листа на учесници кои остварија пласман за учество на регионалните натпревари.

Објавуваме и листа на ученици кои обезбедија кои со постигнатиот успех обезбедија учество на регионалните натпревари.


Упатуваме честитки до учениците и менторите за учеството и успехот на овие натпревари.

 

Ви посакуваме успешни подготовки за Регионалните натпревари кои ќе се одржат на 10. април 2023 год.

Комисија за натпревари по биологија

Македонско биолошко друштво

15.03.2023

ИЗВЕСТУВАЊЕ


Почитувани ученици и 
ментори,

По спроведување на 10. Општински натпревари по биологија за VII, VIII и IX одделение   на 10. март 2023 год. и по разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати и листа на учесници кои остварија пласман за учество на регионалните натпревари.

 

Упатуваме честитки до учениците и менторите за учеството и остварениот успех на овие натпревари.

 

Ви посакуваме успешни подготовки за Регионалните натпревари кои ќе се одржат на 7. Aприл 2023 год.

 

Комисија за натпревари по биологија

Македонско биолошко друштво

11.03.2023 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици и ментори,

Ги објавуваме прелиминаните резултати од

ОПШТИНСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ПО БИОЛОГИЈА одржани на 10. Март 2023 год.  

PRELIMINARNI REZULTATI 7.odd (2).pdf PRELIMINARNI REZULTATI 7.odd (2).pdf
Size : 771.931 Kb
Type : pdf
PRELIMINARNI REZULTATI 8.odd (1).pdf PRELIMINARNI REZULTATI 8.odd (1).pdf
Size : 715.359 Kb
Type : pdf
PRELIMINARNI REZULTATI 9.odd (1).pdf PRELIMINARNI REZULTATI 9.odd (1).pdf
Size : 692.534 Kb
Type : pdf

ОПШТИНСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ПО ПРИРОДНИ НАУКИ одржани на 10. Март 2023 год.

PRELIMINARNI REZULTATI 4.odd (1).pdf PRELIMINARNI REZULTATI 4.odd (1).pdf
Size : 1175.403 Kb
Type : pdf
PRELIMINARNI REZULTATI 5.odd.pdf PRELIMINARNI REZULTATI 5.odd.pdf
Size : 1010.596 Kb
Type : pdf
PRELIMINARNI REZULTATI 6.odd (2).pdf PRELIMINARNI REZULTATI 6.odd (2).pdf
Size : 803.59 Kb
Type : pdf

КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД НАТПРЕВАРИТЕ ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ НАЈДОЦНА ДО 15.03.2023!

10.03.2023

СООПШТЕНИЕ

Денес во основните училишта беа спроведени онлајн ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАРИ по

- ПРИРОДНИ НАУКИ за учениците од 4. 5. и 6. одд. и

- БИОЛОГИЈА за учениците од 7. 8. и 9. одд.

 

1. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТИРАЊЕТО:

Резултатите за секој ученик ќе бидат испратени електронски денес (10.март) во период од 15:00 до 17:00 часот. (резултатите содржат вкупно освоени бодови и прашања кои се неточно одговорени).

 

За учесниците кои не го добиле резултатот, менторите треба да пријават на линк: https://forms.gle/YjDkwJcj2StKVpgF6  во период од 18:00 во петок (10.март) до 12:00 во сабота (11.март) (резултатите ќе бидат испратени до менторите).

 

2. ПРЕЛИМИНАРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ќе бидат објавени во сабота (11.март) по 12:00 часот

3. ПРИГОВОРИ, менторите може да ги доставуваат во понеделник (13.март) во период од          

8:00 до 15:00 на линк: https://forms.gle/6G5ro5pkQ99M4UcB6

4. КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ќе бидат објавени во вторник (14.март).

 

Македонско биолошко друштво

СООПШТЕНИЕ

Согласно стапувањето на сила на новите упатства, мерки и протоколи при дојави за бомби во училиштата спроведувањето на натпреварите по природни науки и биологија закажани за 11. Март, сабота - неработен ден се презакажуваат за петок 10. Март 2023.

натпреварите по природни науки за IV, V, VI одд. со почеток во 9:00 часот

натпреварите по биологија за VII, VIII, IX одд. со почеток во 12:00 часот. 



На сите учесници и ментори се извинуваме за промените на датумот и терминот.  


Посакуваме успех!

МБД


ВАЖНО СООПШТЕНИЕ


Почитувани ученици и ментори, 


Имајќи ги предвид проблемите и предизвиците со кои училиштата се соочуваат поради актуелните дојави за бомби во работни денови Комсијата за натпревари при МБД донесе одлука:

Датумот за одржување на натпреварите по биологија (за 7. 8. и 9. одд.) закажани за 3.март (петок) се поместува на 11. март (сабота) во 13:00 часот.

Од истите причини, датумот за одржување ма натпреварите по природни науки

(за 4. 5. и 6. одд.) закажани за 10.март (петок) се поместува на 11.март (сабота) во 10:00 часот.

 

Благодариме на разбирањето и соработката!


Со почит,

Македонско биолошко друштво

29.02.2023

 ИЗВЕСТУВАЊЕ



Почитувани ученици,

Ги објавуваме конечните резултати од 2. селекционен натпревар за учество на IBO2023 одржан на 27.02.2023 и Ви честитаме за постигнатиот успех.


*Оние ученици кои продолжуваат во циклусот на селекција и подготовки ќе добијат известување и материјали за 3. селекционен натпревар на нивните лични e-mail адреси.


Со почит,

МБД

Почитувани ученици и ментори,

 

Денес, општинските натпревари по биологија беа прекинати поради технички проблем со платформата за тестирање ClassMarker на глобално ниво.

Поради оваа состојба, Комисијата за натпревари во средно образование ја донесе одлуката -  сите присутни учесници на денешниот натпревар имаат право да учествуваат на регионалниот натпревар.

Во прилог ги објавуваме тестовите со одговори од денешниот натпревар кои ќе им послужат на учениците да го проверат нивното знаење.

Благодариме на довербата и соработката!

 

Македонско биолошко друштво

I god, MK.pdf I god, MK.pdf
Size : 1110.757 Kb
Type : pdf
I god, ALB.pdf I god, ALB.pdf
Size : 1089.974 Kb
Type : pdf
I god, TUR.pdf I god, TUR.pdf
Size : 1095.809 Kb
Type : pdf
II god MK.pdf II god MK.pdf
Size : 1050.442 Kb
Type : pdf
II god ALB.pdf II god ALB.pdf
Size : 1036.52 Kb
Type : pdf
II god, TUR.pdf II god, TUR.pdf
Size : 1038.513 Kb
Type : pdf
III god MK.pdf III god MK.pdf
Size : 1075.982 Kb
Type : pdf
III god ALB.pdf III god ALB.pdf
Size : 1058.614 Kb
Type : pdf
III god TUR.pdf III god TUR.pdf
Size : 1055.9 Kb
Type : pdf
IV god, MK.pdf IV god, MK.pdf
Size : 1071.354 Kb
Type : pdf
IV god, TUR.pdf IV god, TUR.pdf
Size : 1014.607 Kb
Type : pdf
IV god, ALB.pdf IV god, ALB.pdf
Size : 1000.925 Kb
Type : pdf

ИЗВЕСТУВАЊЕ


10. ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАРИ ПО БИОЛОГИЈА  за ученици од средните училишта ќе се одржи на 17. февруари (петок) 2023 година во 10:00 часот. 

Натпреварите ќе се спроведат во училиштата. 

Списокот на учесници на натпреварот:


ИЗВЕСТУВАЊЕ за натпревари по биологија 2023 за ученици од основни училишта


Пријавувањето на учесници за натпреварите по биологија и природни науки од страна на менторите и уплатата на котизацијата ќе се одвива во период од 
23. јануари  до  25. февруари 2023.

Формуларите по региони се дадени во делот – ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА НАТПРЕВАРИ. 


ТЕРМИНИ ЗА НАТПРЕВАРИ ПО БИОЛОГИЈА

Општински натпревари    3. март  2023      онлајн
Регионални натпревари   7. април 2023     онлајн
Републички натпревар     20. мај  2023   со физичко присуство


ТЕРМИНИ ЗА НАТПРЕВАРИ ПО ПРИРОДНИ НАУКИ

Општински натпревари    10. март  2023      онлајн
Регионални натпревари   10. април 2023     онлајн
Републички натпревар     10. јуни 2023   со физичко присуство

Известување за натпреварите по биологија 2023 за ученици од средните училишта

Пријавување на учесници за општинските натпревари од страна на менторите и уплатата на котизацијата ќе се одвива во период од 20. јануари  до  5. февруари 2023.

Формуларот за пријавување на учениците ќе биде отворен на 19.јануари 2023. 


ТЕРМИНИ ЗА НАТПРЕВАРИ


Општински натпревари    17. февруари  (петок) 2023      онлајн


Регионални натпревари     17. март (петок) 2023                онлајн

Републички натпревар       27. мај (сабота) 2023               физичко присуство


Републички натпревар       28. април (петок) 2023           физичко присуство
(за IV година)



Соопштение за натпревари по биологија и природни науки за ученици од основните училишта

Во подготовка е организирање средби со наставници-ментори од основните училишта за реализирање на натпреварите 2023 година. 

 

14.10.2022

 ИЗВЕСТУВАЊЕ



Почитувани ученици,

Ги објавуваме конечните резултати од 1. селекционен натпревар за учество на IBO2023 одржан на 14.10.2022. и Ви честитаме за постигнатиот успех.



*Оние ученици кои продолжуваат во циклусот на селекција и подготовки ќе добијат известување и материјали за 2. селекционен натпревар на нивните лични e-mail адреси.



Со почит,

МБД

14.10.2022

 ИЗВЕСТУВАЊЕ



Почитувани ученици,

Ги објавуваме прелиминарните резултати од 1. селекционен натпревар за учество на IBO2023 одржан на 14.10.2022. 

Приговори може да се поднесат на Формулар за приговори -кликни ТУКА (формуларот ќе биде активен до 15:30 ).

Конечните резултати ќе бидат објавени во текот на денот (по одговорање на приговорите).

                                                                               
                                                                                     ИЗВЕСТУВАЊЕ  

Ве известуваме дека Вториот Селекционен натпревар за учество на Меѓународна Јуниорска олимпијада по природни науки ќе се одржи на 12.9.2022. година, на ПМФ во Скопје-горна зграда со почеток од 10 часот.

Со почит,

ДФРМ, СХТМ, МБД

СООПШТЕНИЕ

По одржување на првиот селекционен натпревар по природни науки (01.јули 2022), го објавуваме списокот на ученици кои се пласираа за учество на вториот селекционен натпревар за составување на македонскиот тим за учество на 19. Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022).

 

Друштво на физичари на Република Македонија

Сојуз на хемичари и технолози на Македонија

Македонско биолошко друштво

10.06.2022

ИЗВЕСТУВАЊЕ


Првиот селекциониот натпревар за учество на Меѓународната Јуниорска Олимпијада по природни науки 2022., ќе се одржи на 01.07.2022 година (петок), со почеток од 10 часот на Природно - математичкиот факултет во Скопје (Горна зграда). На Селекциониот натпревар се покануваат следниве ученици кои имале најдобри резултати на Државните натпревари по физика, хемија и биологија одржани во 2022 година. 

Преземи ја листата на поканети ученици

Поканетите ученици за учество на овој натпревар задолжително треба да го потврдат своето учество со испраќање на порака на следнава адреса: fizikanatprevari@gmail.com најкасно до 24.06.2022 година (23.59). Доколку учениците не го потврдат учеството до крајниот датум ќе се смета дека нема да учествуваат на натпреварот. 

Преземи го деталното известување за Селекциониот натпревар

Со почит

ДФРМ, СХТМ, МБД

 

28.05.2022


                                                                               ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици и ментори,

Ги објавуваме конечните резултати од Државниот натпревар по природни науки одржан на 28.05.2022. 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ПРИРОДНИ НАУКИ (сабота 28.мај 2022)

 

НАТПРЕВАРОТ ќе се одвива во период од 10:00 до 11.00 часот

 

ПРЕЛИМИНАРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ќе бидат објавени во 15:30 часот (објава на главниот влез и огласна табла на ПМФ и интернет страница на МБД)

 

ПРИГОВОРИ ќе има можност да се поднесуваат само во пишана форма – пред главниот влез на ПМФ во период од 15:30 до 16:00 часот (одговор на приговорите ќе биде доставен до менторите по електронски пат)

 

КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ќе бидат објавени во 18:30 часот (објава на главиот влез и огласна табла на ПМФ и интернет страница на МБД).

ИЗВЕСТУВАЊЕ  за ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ПРИРОДНИ НАУКИ

 

Почитувани ученици и ментори,

 

На 28. мај (сабота) 2022 г. ќе се одржи 7. Државен натпревар по ПРИРОДНИ НАУКИ за учесниците од основни училишта во просториите на Природно-математичкиот факултет (горна зграда) (ул. Архимедова, 3).

За учениците од трите категории (4., 5. и 6. одд.) натпреварот ќе се реализира од 10:00 до 11:00 часот.

  • Учениците треба да пристигнат најдоцна до 9:15 часот пред Природно-математичкиот факултет;
  • Учениците треба да носат прибор за пишување, калкулатор и заштитни маски;
  • Сместување на учениците во просториите ќе се одвива во период од 9:20 до 9:50 часот;

 

Напомена:

Влезовите во зградата (2) и насоките за движење кон просториите (7) во кои ќе се одржува натпреварот ќе бидат обележани и учесниците ќе бидат повикани и спроведени од тестатори на МБД!

 

Деталниот распоред на учениците по простории за 28.мај е во документот на линкот:

Со радост Ве очекуваме на 28. мај!

 

Македонско биолошко друштво

Известување

Денес, 21.мај 2022 година се одржа 9.Државен натпревар по биологија за основно образование. 

Конечните резултати за трите категории се дадени во документите


Денеска се одржа вториот селекционен натпревар за IBO2022 година во кој беа избрани учениците кои ќе не претставуваат годинава на Интернационалната Олимпијада по Биологија што ќе се одржи во Ерменија.

ИЗВЕСТУВАЊЕ за ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА

Почитувани ученици и ментори,


На 21. мај (сабота) 2022 г. ќе се одржи 9. Државен натпревар по БИОЛОГИЈА за учесниците од основни училишта во просториите на Природно-математичкиот факултет (горна зграда) (ул. Архимедова, 3).

За учениците од трите категории (7., 8. и 9. одд.) натпреварот започнува во 10:00 часот

o Учениците треба да пристигнат најдоцна до 9:15 часот пред Природно-математичкиот факултет;

o Учениците треба да носат прибор за пишување, калкулатор и заштитни маски;

o Сместување на учениците во просториите ќе се одвива во период од 9:20 до 9:50 часот;


Напомена:

Влезовите во зградата (2) и насоките за движење кон просториите (6) во кои ќе се одржува натпреварот ќе бидат обележани и учесниците ќе бидат повикани и спроведени од тестатори на МБД!


Учесниците распоредени во: Физички амфитеатар, Мал физички амфитеатар, Математички амфитеатар за влегување во зградата на ПМФ го користат Влез 1.

Учесниците распоредени во: Нов голем амфитеатар, Слушална 301, Слушална 95 за влегување во зградата на ПМФ го користат Влез 2.

Со радост Ве очекуваме на 21. мај!


Македонско биолошко друштво

14.05.2022


                                                                               ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици и ментори,

Ги објавуваме списоците со конечните резултаати и распределбата на награди од Државниот натпревар по биологија за средно образование .

I godina KONECHNI DRZAVEN 2022.pdf I godina KONECHNI DRZAVEN 2022.pdf
Size : 187.824 Kb
Type : pdf
II godina KONECHNI DRZAVEN 2022.pdf II godina KONECHNI DRZAVEN 2022.pdf
Size : 210.979 Kb
Type : pdf
III godina KONECHNI DRZAVEN 2022.pdf III godina KONECHNI DRZAVEN 2022.pdf
Size : 180.817 Kb
Type : pdf
IV godina KONECHNI DRZAVEN 2022.pdf IV godina KONECHNI DRZAVEN 2022.pdf
Size : 158.709 Kb
Type : pdf

Почитувани, 

Ве известуваме дека на 14. мај (сабота) 2022 г. ќе се одржи 9. Државен натпревар по БИОЛОГИЈА за учесниците од средните училишта во просториите на Природно-математичкиот факултет. 

Освен спроведување на натпреварот, планирани се и други активности за заинтересираните ученици и ментори: 

- од 10:15 до 10:45 часот за наставниците - ментори ќе се одржи презентација за микроскопски препарати (наменети за наставната програма по биологија во средно образование) изработени во Лабораторијата за цитологија, анатомија и морфологија на растенија при Институтот за биологија,

од 11:30 до 12:00 часот за учениците ќе се одржи презентација за студиските програми кои се реализираат на Институтот за биологија,

од 12:00 до 13:30 часот за наставниците - ментори и учениците ќе се одржи Работилница од областа на екологијата со примена на 5Е и escape room методи (Работилницата е дел од проектот „Разновидноста во природните науки низ социјална инклузија – неформално образование по природни науки и ученичка разноликост“  („DiSSI“) кој се реализира на Природно-математичкиот факултет).  


Македонско биолошко друштво

07.05.2022

                                                    ИЗВЕСТУВАЊЕ за ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА


На 14. мај (сабота) 2022 г. ќе се одржи 9. Државен натпревар по БИОЛОГИЈА за учесниците од средните училишта во просториите на Природно-математичкиот факултет (горна зграда) (ул. Архимедова, 3).

За учениците од сите четири категории (I, II, III и IV годинa) натпреварот започнува во 10:00 часот

o Учесниците треба да пристигнат најдоцна до 9:15 часот пред Природно-математичкиот факултет;

o Учениците треба да носат прибор за пишување, калкулатор и заштитни маски;

o Сместување на учесниците во просториите ќе се одвива во период од 9:20 до 9:50 часот;



Напомена:

Влезовите во зградата (2) и насоките за движење кон просториите (5) во кои ќе се одржува натпреварот ќе бидат обележани и учесниците ќе бидат повикани и спроведени од тестатори на МБД!


Учесниците распоредени во: Физички амфитеатар, Математички амфитеатар за влегување во зградата на ПМФ го користат Влез 1.

Учесниците распоредени во: Нов голем амфитеатар, Слушална 301 и Слушална 95  за влегување во зградата на ПМФ го користат Влез 2. 


Со радост Ве очекуваме на 14. мај!


Македонско биолошко друштво

12.04.2022


                                                                               ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици и ментори,

Ги објавуваме конечните резултаати регионалниот натпревар по биологија за основно образование,списоците со награди како и списоците на учесници на Државниот натпревар по биологија.

10.04.2022

                                                                                    ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици и ментори,

Ги објавуваме прелиминарните резултаати од регионалниот натпревар по биологија за основно образование.

09.04.2022

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕГИОНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ ПО БИОЛОГИЈА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Приговори за регионалниот натпревар по БИОЛОГИЈА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ може да се поднесе на Формулар за приговори -кликни ТУКА 

Формуларот ќе биде активен од 18 часот (09. април 2022 г.) до 17 часот (11. април 2022 г.)

Конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 15. април 2022 г.

08.04.2022

                                                                                    ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици и ментори,

Објавените документи ги повлековме поради неопходна корекција во листите за 5.одд., а документите за 4.одд и 6.одд ги повлековме заради проверка.

На учениците и менторите им се извинуваме за долгото исчекување и воедно се заблагодаруваме за трпението и разбирањето!

Со почит,

МБД



4.odd Konechni rezultati regionalen 2022.pdf 4.odd Konechni rezultati regionalen 2022.pdf
Size : 966.837 Kb
Type : pdf
5.odd Konechni rezultati regionalen 2022.pdf 5.odd Konechni rezultati regionalen 2022.pdf
Size : 986.025 Kb
Type : pdf
6.odd Konechni rezultati regionalen 2022.pdf 6.odd Konechni rezultati regionalen 2022.pdf
Size : 959.439 Kb
Type : pdf

03.04.2022

                                                                                    ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици и ментори,

Ги објавуваме прелиминарните резултаати од регионалниот натпревар по природни науки.

02.04.2022

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕГИОНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ ПО ПРИРОДНИ НАУКИ

Приговори за регионалниот натпревар по ПРИРОДНИ НАУКИ може да се поднесе на Формулар за приговори -кликни ТУКА 

Формуларот ќе биде активен од 18 часот (02. април 2022 г.) до 18 часот (04. април 2022 г.)

Конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 08. април 2022 г.

Напомена: Приговорите поднесени од ученици или родители, како и приговорите доставени на e-mail, нема да бидат разгледани.

30.03.2022


                                                                               ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици и ментори,

Ги објавуваме конечните резултаати од регионалниот натпревар по биологија за средно образование.

26.03.2022


                                                                               ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици и ментори,

Ги објавуваме прелиминарните резултаати од регионалниот натпревар по биологија за средно образование

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕГИОНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ ПО БИОЛОГИЈА ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Приговори за регионалниот натпревар по биологија може да се поднесе на Формулар за приговори -кликни ТУКА 

Формуларот ќе биде активен од 18 часот (26. март 2022 г.) до 17 часот (28. март 2022 г.)

Конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 30. март 2021 г.

Напомена: Приговорите поднесени од ученици или родители, како и приговорите доставени на e-mail, нема да бидат разгледани.

25.03.2022


                                                                               ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици и ментори,

Ве известуваме дека регионалниот натпревар по биологија за средните училишта ќе се одржи на 26. март (сабота)  со почеток во 10:00 часот. 

Вкупно бодување на тестот е 50 бода а времетраењето на тестирањето е 45 минути.

Регионалните натпревари ќе се реализираат од училиште, тестирањето ќе се одвива преку платформата ClassMarker додека натпреварот ќе се надгледува преку платформата MS Teams.


Препорачуваме да бидете во училиште половина час пред почетокот на натпреварот односно во 9:30 часот.


На учесниците и менторите им посакуваме успех на натпреварот!


21.02.2022


СООПШТЕНИЕ 

Почитувани ученици и ментори,

ги објавуваме листите на учесници на регионалните натпревари по биологија и природни науки.


16.02.2022

СООПШТЕНИЕ 

Почитувани ученици и ментори,

По разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати од општинскиот натпревар по природни науки.

Упатуваме честитки до учениците и менторите за учеството и покажаниот успех.

11.02.2022

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОПШТИНСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ПО ПРИРОДНИ НАУКИ 

Почитувани ученици и ментори,


Ги објавуваме прелиминарните резултати од општинскиот натпревар по природни науки.


Приговор за општинскиот натпревар по природни може да поднесе само менторот на ученикот користејќи го формуларот за приговори -кликни ТУКА


Формуларот ќе биде активен од 18 часот (11.02.2022) до 12 часот (14.02.2022)

Конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 16.02.2022.

Напомена: Приговорите поднесени од ученици или родители, како и приговорите доставени на e-mail, нема да бидат разгледани.

10.02.2022

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

По разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати од општинскиот натпревар по биологија за учениците од основните училишта.

Упатуваме честитки до учениците и менторите за учеството и покажаниот успех.

09.02.2022

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

Ги објавуваме прелиминарните резултати од општинскиот натпревар по биологија за учениците од основните училишта.

Приговор за општинскиот натпревар по биологија може да поднесе само менторот на ученикот користејќи го формуларот за приговори -кликни  ТУКА


Формуларот ќе биде активен од 17 часот (09.02.2022) до 12 часот (10.02.2022)

Конечните резултати ќе бидат објавени на 11.02.2022.

Напомена: Приговорите поднесени од ученици или родители, како и приговорите доставени на e-mail, нема да бидат разгледани.

09.02.2022

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

По разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати од општинскиот натпревар по биологија за учениците од средните училишта.

Упатуваме честитки до учениците и менторите за учеството и покажаниот успех.

07.02.2022

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

Ги објавуваме прелиминарните резултати од општинскиот натпревар по биологија за учениците од средните училишта.

Приговор за општинскиот натпревар по биологија може да поднесе само менторот на ученикот користејќи го формуларот за приговори -кликни ТУКА 


Формуларот ќе биде активен од 17 часот (07.02.2022) до 12 часот (08.02.2022)

Конечните резултати ќе бидат објавени на 09.02.2022.

Напомена: Приговорите поднесени од ученици или родители, како и приговорите доставени на e-mail, нема да бидат разгледани.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАРИ по

ПРИРОДНИ НАУКИ


9. Општински натпревари за VI одд. и 7. Општински натпревари по природни науки за учениците од основните училишта ќе се одржат на:


11. февруари (петок) 2022 година во следните термини:

- 10:00 часот за учениците од V одделение

- 12:00 часот за учениците од VI одделение

- 14:00 часот за учениците од IV одделение


Натпреварите ќе се одвиваат на Microsoft Teams, а тестирањето ќе се спроведе преку платформата ClassMarker.

Сите информации за начинот и и податоци за реализирање на натпреварите учениците ќе ги добијат на своите електронски адреси.


На учесниците и менторите им посакуваме успех на натпреварот!

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАРИ по БИОЛОГИЈА

9. Општински натпревари по биологија за учениците од средните училишта ќе се одржат на:


7. февруари (понеделник) 2022 година во следните термини:

- 10:00 часот за учениците од I и III година

- 12:00 часот за учениците од II и IV година



9. Општински натпревари по биологија за учениците од основните училишта ќе се одржат на:


9. февруари (среда) 2022 година во следните термини:

- 10:00 часот за учениците од VII одделение

- 12:00 часот за учениците од VIII одделение

- 14:00 часот за учениците од IX одделение


Натпреварите ќе се одвиваат на Microsoft Teams, а тестирањето ќе се спроведе преку платформата ClassMarker.

Сите информации за начинот и и податоци за реализирање на натпреварите учениците ќе ги добијат на своите електронски адреси.


На учесниците и менторите им посакуваме успех на натпреварот!

Почитувани,

Начинот на уплата на котизација за натпреварите по Биологија 2022 може да го пронајдете ТУКА.

Со почит,

МБД


Почитувани ученици,

 

UWC (United World Colleges - Светски Обединети Колеџи) се глобално образовно движење кое го користи образованието како сила за обединување на луѓето, нациите и културите за мир и одржлива иднина.     

UWC силно веруваат дека образованието може да спои млади луѓе од сите средини врз основа на нивното заедничко човештво, и да ги вклучи кон можност за општествени промени преку храбра акција, личен пример и несебично лидерство. За да се постигне ова, UWC училиштата и колеџите  ширум светот нудат предизвикувачки и транформативни образовни искуства за разновидна група на млади луѓе, инспирирајќи ги да станат агенти на позитивни промени во согласност со основните вредности на UWC:

·       Интернационално и меѓукултурно разбирање

·       Негување на разликите

·       Лична одговорност и интегритет

·       Взаемна одговорност и почит

·       Сочувство и служба

·       Почитување на животната средина

·       Чувство на идеализам

·       Личен предизвик

·       Акција и личен пример

Овие колеџи ја следат наставната програма на меѓународната диплома International Baccalaureate (IB), во која UWC одигра голема улога за нејзиниот развој, истовремено истакнувајќи ја важноста на практично  учење, служба во заедницата и активности на отворено.

Учениците на UWC се избираат во својата земја, во повеќе од 155 земји, преку уникатниот систем на национални комитети. Изборот се заснова на докажано ветување и потенцијал. Во согласност со етосот на UWC, образованието треба да биде независно од социоекономските средства на ученикот. 70% од учениците за време на изучување на IB дипломата добиваат целосна или делумна финансиска помош, врз основа на нивните потреби.

Повеќе информации за UWC  може да добиете на: https://www.mk.uwc.org/

Апликацијата за генерација 2022-2024  се отвори на 21/09/2021, а рокот ќе биде 20/11/2021.  Упатството за аплицирање можете да го најдете на овој линк.

Ве замолуваме да ги информирате вашите ученици од втора и трета година за постоењето на UWC и дека процесот за аплицирање е во тек. Заинтересираните може да аплицираат на: https://www.mk.uwc.org/apply/

 

Со почит,

Национален комитет 

МБД

ИЗВЕСТУВАЊЕ

По одржаните Селекциони натпревари (на 5.07.2021. и 4.09.2021.) за учество на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки која ќе се одржи од 12 до 21 декември 2021. во Абу Даби, ОАЕ , ДФРМ, СХТМ и МБД имаат чест да го соопшти тимот кој ќе ја претставува Македонија на овој престижен настан.

Тоа се учениците:

Иван Костевски, ученик во деветто одделение во ООУ „Димитар Влахов “ – Штип,

Матеа Митревска, ученичка во деветто одделение во ООУ „Мирче Ацев“ – Ѓ. Петров, Скопје,

Алексиј Тасиќ ученик во деветто одделение во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Аеродром, Скопје,

Марио Ванчовски ученик во деветто одделение во ООУ „Димитар Влахов “ – Штип,

Андреј Стојановски, ученик во деветто одделение во ООУ „ 11 Октомври“ - Центар, Скопје,

Теона Ана Георгиевска, ученичка во осмо одделение во ООУ „Љубен Лапе“ – Аеродром, Скопје.

ДФРМ, СХТМ и МБД им честита на сите ученици за успешниот настап на Селекционите натпревари.

Со почит ДФРМ, СХТМ, МБД

28.06.2021

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

По разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати од 8. Државен натпревар по биологија за средно образование одржан на 26. јуни 2021 год.

Упатуваме честитки до учениците и менторите за учеството и покажаниот успех.

IV godina Konechni SREDNO Drzaven 2021.pdf IV godina Konechni SREDNO Drzaven 2021.pdf
Size : 291.627 Kb
Type : pdf
III godina Konechni SREDNO Drzaven 2021.pdf III godina Konechni SREDNO Drzaven 2021.pdf
Size : 306.317 Kb
Type : pdf
II godina Konechni SREDNO Drzaven 2021.pdf II godina Konechni SREDNO Drzaven 2021.pdf
Size : 304.083 Kb
Type : pdf
I godina Konechni SREDNO Drzaven 2021.pdf I godina Konechni SREDNO Drzaven 2021.pdf
Size : 306.647 Kb
Type : pdf

26.06.2021


ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 
ПО БИОЛОГИЈА ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Во прилог ги објавуваме прелиминарните резултати од 8. Државен натпревар по биологија одржан на 26. јуни 2021 г. 

I godina Preliminarni SREDNO Drzaven 2021.pdf I godina Preliminarni SREDNO Drzaven 2021.pdf
Size : 274.32 Kb
Type : pdf
II godina Preliminarni SREDNO Drzaven 2021.pdf II godina Preliminarni SREDNO Drzaven 2021.pdf
Size : 237.521 Kb
Type : pdf
IV godina Preliminarni SREDNO Drzaven 2021.pdf IV godina Preliminarni SREDNO Drzaven 2021.pdf
Size : 215.826 Kb
Type : pdf
клуч, I, државен, 2021.pdf клуч, I, државен, 2021.pdf
Size : 550.117 Kb
Type : pdf
клуч, II, државен, 2021.pdf клуч, II, државен, 2021.pdf
Size : 1007.896 Kb
Type : pdf
Клуч, III, државен, 2021.pdf Клуч, III, државен, 2021.pdf
Size : 670.497 Kb
Type : pdf
клуч, IV, државен, 2021.pdf клуч, IV, државен, 2021.pdf
Size : 969.146 Kb
Type : pdf
I год._државен_2021 ALB_клуч.pdf I год._државен_2021 ALB_клуч.pdf
Size : 463.553 Kb
Type : pdf
Клуч, III, државен, 2021-ALB.pdf Клуч, III, државен, 2021-ALB.pdf
Size : 279.053 Kb
Type : pdf


Приговори за државниот натпревар по биологија за средно може да се поднесат на Формулар за приговори -кликни ТУКА 

Формуларот ќе биде активен од 10 часот- недела(27. јуни 2021 г.) до  понеделник (28. јуни 2021 г.) до 10 часот. 

Конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до вторник 29. јуни 2021 г.

17.06.2021

Известување

Првиот селекционен натпревар за учество на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки (12-21.12.2021. Абу Даби, ОАЕ) ќе се одржи на 5 јули 2021 година со почеток во 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. На овој натпревар се поканети најдобро пласираните ученици од осмо и девето одделение на државните натпревари по биологија, хемија и физика (табела водокументот подолу). 



Со почит, 

Македонско биолошко друштво

Сојуз на хемичари и технолози на Македонија

Друштво на физичари на Репулика Македонија

Термини и распоред

за

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА


Ве известуваме дека на 26. јуни (сабота) 2021 г. ќе се одржи Државен натпревар по БИОЛОГИА за учесниците од средните училишта во просториите на Природно-математичкиот факултет (горна зграда) (ул. Архимедова, 3).


За учениците од прва и четврта година натпреварот започнува во 10:00 часот

o Учесниците треба да пристигнат најдоцна до 9:15 часот пред ПМФ;

o Прозивка и сместување на учесниците ќе се одвива во период од 9:20 до 9:50 часот.

За учениците од втора и трета година натпреварот започнува во 12:00 часот

o Учесниците треба да пристигнат најдоцна до 11:15 часот пред ПМФ;

o Прозивка и сместување на учесниците ќе се одвива во период од 11:20 до 11:50 часот.


- Учениците треба да носат прибор за пишување, калкулатор.

- Прелиминарните резултати од натпреварот ќе бидат објавени на интернет страницата на друштвото по 19 часот.


Напомена: Учесниците да не влегуваат во зградата додека не бидат повикани!

Почитувајќи ги важечките безбедносни препораки, Ве молиме, по завршувањето на натпреварот да не се задржувате во зградата на ПМФ!


Ве очекуваме на 26. јуни!


Македонско биолошко друштво

Комисија за натпревари

по биологија за средно образование

I i IV godina SREDNO Drzaven 2021.pdf I i IV godina SREDNO Drzaven 2021.pdf
Size : 358.229 Kb
Type : pdf
II i III godina SREDNO Drzaven 2021.pdf II i III godina SREDNO Drzaven 2021.pdf
Size : 363.35 Kb
Type : pdf

15.06.2021

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

По разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати од 8. Државен натпревар по биологија одржан на 13. јуни 2021 год.

Упатуваме честитки до учениците и менторите за учеството и покажаниот успех.

14.06.2021

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

По разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати од 8. Државен натпревар по природни науки одржан на 12. јуни2021 год.

Упатуваме честитки до учениците и менторите за учеството и покажаниот успех.

13.06.2021


ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 
ПО БИОЛОГИЈА ЗА 7. и 8. одд

Во прилог ги објавуваме прелиминарните резултати (и клучот од тестотовите)  од 8. Државен натпревар по биологија одржан на 13. јуни 2021 г. 

7. odd Preliminarni rezultati Drzaven 2021.pdf 7. odd Preliminarni rezultati Drzaven 2021.pdf
Size : 297.474 Kb
Type : pdf
8. odd Preliminarni rezultati Drzaven 2021.pdf 8. odd Preliminarni rezultati Drzaven 2021.pdf
Size : 431.197 Kb
Type : pdf
VII одд ДРЖАВЕН клуч 2021.pdf VII одд ДРЖАВЕН клуч 2021.pdf
Size : 134.813 Kb
Type : pdf
VIII одд ДРЖАВЕН клуч 2021.pdf VIII одд ДРЖАВЕН клуч 2021.pdf
Size : 424.895 Kb
Type : pdf

Приговори за државниот натпревар по природни науки може да се поднесат на Формулар за приговори -кликни ТУКА 

Формуларот ќе биде активен од 17 часот (13. јуни 2021 г.) до  понеделник (14. јуни 2021 г.) до12 часот. 

Конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 15. јуни 2021 г.

12.06.2021


ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР 
ПО ПРИРОДНИ НАУКИ

Во прилог ги објавуваме прелиминарните резултати (и клучот од тестотовите)  од 8. Државен натпревар по природни науки одржан на 12. јуни 2021 г. 

4-MK-drzaven KLUC 2021.pdf 4-MK-drzaven KLUC 2021.pdf
Size : 955.601 Kb
Type : pdf
5 odd_drzaven_2021_kluc_MK.pdf 5 odd_drzaven_2021_kluc_MK.pdf
Size : 393.352 Kb
Type : pdf
5 odd_drzaven_2021_kluc_ALB.pdf 5 odd_drzaven_2021_kluc_ALB.pdf
Size : 799.582 Kb
Type : pdf
6-MK-celosen KLUC 2021.pdf 6-MK-celosen KLUC 2021.pdf
Size : 945.799 Kb
Type : pdf
6-ALB-celosen KLUC 2021.pdf 6-ALB-celosen KLUC 2021.pdf
Size : 797.006 Kb
Type : pdf

Приговори за државниот натпревар по природни науки може да се поднесат на Формулар за приговори -кликни ТУКА 

Формуларот ќе биде активен од 19 часот (12. јуни 2021 г.) до  понеделник (14. јуни 2021 г.) 10 часот 

Конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 15. јуни 2021 г.

Термини и распоред

 за ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА

 

Ве известуваме дека на 13. јуни (недела) 2021 г. ќе се одржи Државен натпревар по природни науки за учениците од 7. и 8. одделение во просториите на Природно-математичкиот факултет (горна зграда) (ул. Архимедова, 3).

Натпреварот е организиран по категорија во следните термини: 

 

·        За учениците од 7. одд. натпреварот започнува во 10:00 часот

o   Учесниците треба да пристигнат најдоцна до 9:15 часот пред Природно-математичкиот факултет;

o   Прозивка и сместување на учесниците во просториите ќе се одвива во период од 9:20 до 9:50 часот.

 

·        За учениците од 8. одд. натпреварот започнува во 12:00 часот

o   Учесниците треба да пристигнат најдоцна до 11:15 часот пред Природно-математичкиот факултет;

o   Прозивка и сместување на учесниците во просториите ќе се одвива во период од 11:20 до 11:50 часот.

 

Напомена: Учениците да не влегуваат во зградата додека не бидат повикани!

 

Напомена: Почитувајќи ги важечките безбедносни препораки, Ве молиме, по завршувањето на натпреварот да не се задржувате во зградата на ПМФ.

 

-      Учениците треба да носат прибор за пишување, калкулатор.

-      Прелиминарните резултати од натпреварот ќе бидат објавени на интернет страницата на друштвото по 19 часот.

 

Македонско биолошко друштво

Комисија за натпревари

по биологија за основно образование 

7.odd Drzaven 2021.pdf 7.odd Drzaven 2021.pdf
Size : 356.525 Kb
Type : pdf
8.odd Drzaven 2021.pdf 8.odd Drzaven 2021.pdf
Size : 355.135 Kb
Type : pdf

Термини и распоред

 за ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ПРИРОДНИ НАУКИ

 

Ве известуваме дека на 12. јуни (сабота) 2021 г. ќе се одржи Државен натпревар по природни науки за учениците од 4. 5. и 6. одделение во просториите на Природно-математичкиот факултет (горна зграда) (ул. Архимедова, 3). Натпреварот е организиран по категорија во следните термини: 

 

  • За учениците од 4. одд. натпреварот започнува во 9:30 часот
    • Учесниците треба да пристигнат најдоцна до 8:45 часот пред Природно-математичкиот факултет;
    • Прозивка и сместување на учесниците во просториите ќе се одвива во период од 8:50 до 9:20 часот.
    • Натпреварот ќе започне во 9:30 часот.
  • За учениците од 5. одд. натпреварот започнува во 11:30 часот
    • Учесниците треба да пристигнат најдоцна до 10:45 часот пред Природно-математичкиот факултет;
    • Прозивка и сместување на учесниците во просториите ќе се одвива во период од 10:50 до 11:20 часот.
    • Натпреварот ќе започне во 11:30 часот.
  • За учениците од 6. одд. натпреварот започнува во 13:30 часот
    • Учесниците треба да пристигнат најдоцна до 12:45 часот пред Природно-математичкиот факултет;
    • Прозивка и сместување на учесниците во просториите ќе се одвива во период од 12:50 до 13:20 часот.

 

Учениците треба да носат прибор за пишување, калкулатор.

Напомена: Учениците - да не влегуваат во зградата додека не бидат повикани и                                                                                  - да не се задржуваат во зградата на ПМФ по завршувањето на натпреварот!  

Почитувајќи ги важечките безбедносни препораки, Ве молиме, менторите и родителите да ги чекаат учесниците во дворот на ПМФ!  


Прелиминарните резултати од натпреварот ќе бидат објавени на интернет страницата на друштвото по 19 часот.

 

Македонско биолошко друштво

Комисија за натпревари

по природни науки

04.06.2021

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

По разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати од 8. Државен натпревар по биологија за 9. одд одржан на 02. јуни2021 год.

Упатуваме честитки до учениците и менторите за учеството и покажаниот успех.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА ЗА 9. ОДД

Во прилог ги објавуваме прелиминарните резултати (и клучот од тестот)  од 8. Државен натпревар по биологија за 9. одд. одржан на 02. јуни 2021 г. 

IX oдд. државен_клуч_2021.pdf IX oдд. државен_клуч_2021.pdf
Size : 781.897 Kb
Type : pdf

Приговори за државниот натпревар по биологија за 9. одд. може да се поднесе на Формулар за приговори -кликни ТУКА 

Формуларот ќе биде активен од 18 часот (02. јуни 2021 г.) до 12 часот (03. јуни 2021 г.)

Конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 04. јуни 2021 г.

СООПШТЕНИЕ за

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА

за 9-то одделение

 

Ве известуваме дека на 2. јуни (среда) 2021 г. ќе се одржи 8. Државен натпревар по биологија за учениците од 9.одделение.

-      Учениците треба да пристигнат најдоцна до 11:30 часот пред Природно-математичкиот факултет (горна зграда) (ул. Архимедова, 3).

-      Прозивка и сместување на учесниците во просториите наменети за натпреварот ќе се одвива во период од 11:30 до 11:50 часот. Напомена: Учениците да не влегуваат во зградата додека не бидат повикани!

-      Натпреварот ќе започне во 12 часот (учениците треба да носат прибор за пишување, калкулатор.

-      Прелиминарните резултати од натпреварот ќе бидат објавени на интернет страницата на друштвото по 19 часот.

Напомена: почитувајќи ги важечките безбедносни препораки, Ве молиме, по завршувањето на натпреварот да не се задржувате во зградата на ПМФ.

 

Со радост Ве очекуваме во среда!

 

Македонско биолошко друштво

Комисија за натпревари по биологија

за основно образование

Календар за државни натпревари по биологија и природни науки 2021

 

Државните натпревари по биологија и природни науки ќе се спроведат на Природно-математичкиот факултет во Скопје со физичко присуство на следните датуми:

 

Државните натпревари по природни науки за

-      IV, V и VI одделение ќе се одржат на 12. јуни (сабота),  

 

Државните натпревари по биологија за

-      VII и VIII одделение ќе се одржат на 13. јуни (недела),

 

Државните натпревари по биологија за

-      I, II, III и IV година ќе се одржат на 26. јуни (сабота).

 

Информациите за терминот (часот) на започнување на натпреварот по категории, распоредот на учесниците по простории и насоките за организација во текот на натпреварувачкиот ден ќе бидат дополнително испратени до учесниците и менторите по електронски пат и објавени на интернет страницата на МБД.

 

Ви посакуваме успешни подготовки за претстојните натпревари!

 

Македонско биолошко друштво

СООПШТЕНИЕ 
(ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР- 
9. ОДД)

Почитувани ученици,

 

8. Државен натпревар по биологија за 9 одделение ќе се одржи со физичко присуство на  02. јуни (среда) во просториите на ПМФ. 

Натпреварот ќе започне во 10:00 часот.

На сите ученици и ментори им посакуваме успех на натпреварот!

 

Македонско биолошко друштво

 

17.05.2021

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

По разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати од 8. Регионални натпревари по природни науки одржанина 14. мај 2021 год.

Упатуваме честитки до учениците и менторите за учеството и покажаниот успех.

14.05.2021

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

Ги објавуваме прелиминарните резултати од регионалниот натпревар по природни науки. 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕГИОНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ ПО ПРИРОДНИ НАУКИ

Приговори за регионалниот натпревар по природни науки може да се поднесе на Формулар за приговори -кликни ТУКА (формуларот ќе биде активен од 17 часот)

Формуларот ќе биде активен од 17 часот (14. мај 2021 г.) до 17 часот (15. мај 2021 г.)

Конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 18. мај 2021 г.

13.05.2021

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

По разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати од 8. Регионални натпревари по биологија за основнообразование одржанина 12. мај 2021 год.

Упатуваме честитки до учениците и менторите за учеството и покажаниот успех.

12.05.2021

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

Ги објавуваме прелиминарните резултати од регионалниот натпревар по биологија за ученици од основно образование.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕГИОНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Приговори за регионалниот натпревар по биологија за основно образование може да се поднесе на Формулар за приговори -кликни ТУКА (формуларот ќе биде активен од 17 часот)

Формуларот ќе биде активен од 17 часот (12. мај 2021 г.) до 09 часот (13. мај 2021 г.)

Конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 14. мај 2021 г.

12.05.2021

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

По разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати од 8. Регионални натпревари по биологија за средно образование одржанина 10. мај 2021 год.

Упатуваме честитки до учениците и менторите за учеството и покажаниот успех.

10.05.2021

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

Ги објавуваме прелиминарните резултати од регионалниот натпревар по биологија за ученици од средно образование.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕГИОНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Приговори за регионалниот натпревар по биологија за средно образование може да се поднесе на Формулар за приговори -кликни ТУКА (формуларот ќе биде активен од 17 часот)

Формуларот ќе биде активен од 17 часот (10. мај 2021 г.) до 09 часот (11. мај 2021 г.)

Конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 12. април 2021 г.

СООПШТЕНИЕ 
(природни науки)

Почитувани ученици,

 

Регионални натпревари по природни науки закажани на 14.мај (петок) се организирани на ист начин како општинските - 

 

спроведување на  MCTeams и

тестирање  на ClassMarker платформа.

 

Натпреварот ќе започне во          - 13:00 часот за ученици од 4.одд.

                                                           - 14:00 часот за ученици од 5.одд.

- 15:00 часот за ученици од 6.одд.

За таа цел,

-      секој учесник треба да го користи претходно доставеното корисничко име и лозинка (истите за општинскиот натпревар); 

-      линк за соодветна училница на MCTeams треба да биде испратен до учесниците од страна на менторот;

-      приклучување во училница 10 минути пред натпреварот;

-      за време на тестирањето (40 минути) сите учесници треба да бидат со вклучена камера и звук;

-      секој учесник резултатите од тестирањето ќе ги добие во 17:00 часот;

-      приговорите од страна на менторите се доставуваат со пополнување формулар што ќе биде објавен на интернет страницата на МБД во период:

од 17:00 часот 14.мај (петок) до 17:00 15.мај (сабота),  

-      конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна на 18.мај (вторник). 

 

Почитувајте го принципот на чесно натпреварување.

 

На сите ученици и ментори им посакуваме успех на натпреварот!

 

Македонско биолошко друштво

СООПШТЕНИЕ 
(основно образование)

Почитувани ученици,

 

8. Регионални натпревари по биологија за основно образование закажани на 12.мај (среда) се организирани на ист начин како општинските - 

спроведување на  MCTeams и тестирање  на ClassMarker платформа.

Натпреварот ќе започне во 15:00 часот.

 

За таа цел,

-      Секој учесник го користи претходно доставеното корисничко име и лозинка (за општинскиот натпревар); 

-      Линк за соодветната училница на MCTeams треба да биде испратен од страна на менторот;

-      приклучување во училницата 10 минути пред натпреварот;

-      за време на тестирањето (50 минути) учесниците треба да бидат со вклучена камера и звук;

-      сите прашања се со заокружување на точен одговор,

-      секој учесник резултатите од тестирањето ќе ги добие во 17:00 часот;

-      приговорите се доставуваат со пополнување формулар што ќе биде објавен на интернет страницата на МБД

 

Почитувајте го принципот на чесно натпреварување.

 

Посакуваме успех на натпреварот!

 

 

Македонско биолошко друштво

 

СООПШТЕНИЕ
(средно образование)

Почитувани ученици,

 

8. Регионални натпревари по биологија за средно образование закажани на 10.мај (понеделник) се организирани на ист начин како општинските - 

спроведување на  MCTeams и тестирање  на ClassMarker платформа.

Натпреварот ќе започне во 15:00 часот.

 

За таа цел,

-       Секој учесник го користи претходно доставеното корисничко име и лозинка (за општинскиот натпревар); 

-       Линк за соодветната училница на MCTeams треба да биде испратен од страна на менторот;

-       приклучување во училницата 10 минути пред натпреварот;

-       за време на тестирањето (50 минути) учесниците треба да бидат со вклучена камера и звук,

-       тестовите за сите категории содржат по 50 прашања,

-       сите прашања се со заокружување на точен одговор,

-       секој учесник резултатите од тестирањето ќе ги добие во 17 часот,

-       приговорите се доставуваат со пополнување формулар што ќе биде објавен на интернет страницата на МБД

 

Почитувајте го принципот на чесно натпреварување.

 

Посакуваме успех на натпреварот!

 

 

Македонско биолошко друштво

19.04.2021

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

По разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати од 8. Општински натпревари по природни науки одржанина 16. април 2021 год.

Упатуваме честитки до учениците и менторите за учеството и покажаниот успех.

17.04.2021

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

По разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати од 8. Општински натпревари по биологија за основно образование одржанина 15. април 2021 год.

Упатуваме честитки до учениците и менторите за учеството и покажаниот успех.

Наградите за Општинските натпревари се во зависност од максималните освоени бодови во одредена категорија.

Наградите се распределуваат во проценти од максимално освоените бодови по категорија (за сите категории – 49 бодови).


Во категоријата за 7. одделение со 424 учесници: (291 награден).

од 86 - 100% – Прва награда

од 75 – 85% – Втора награда

од 60 – 75% – Трета награда

од 45 – 60% – Пофалница

Останатите учесници добиваат потврда за учество.


Во категоријата за 8. одделение со 380 учесници: (249 наградени).

од 91 - 100% – Прва награда

од 81 – 90% – Втора награда

од 71 – 80% – Трета награда

од 61 – 70% – Пофалница

Останатите учесници добиваат потврда за учество.


Во категоријата за 9. одделение со 302 учесници: (193 наградени).

од 91 - 100% – Прва награда

од 81 – 90% – Втора награда

од 71 – 80% – Трета награда

од 61 – 70% – Пофалница

Останатите учесници добиваат потврда за учество.


На 8. Регионални натпревари по биологија ќе учествуваат:

- прв критериум – првопласираните учесници на општинските натпревари од секоја општина во секоја категорија (во објавените табели означени со „I критериум“),

- втор критериум – дополнување до одреден процент од учесниците на Општинските натпревари рангирани според освоени бодови, (во објавените табели означени со „II критериум“), oдносно:

за 7. одделение – 293 учесници (69%)

за 8. одделение – 255 учесници (67%)

за 9. одделение – 200 учесници (66%)

Со овие критериуми, на Регионалните натпревари, вкупниот број учесници од сите категории за основно обраозование е 341.

8. Регионални натпревари по биологија се закажани за 12. мај 2021!


Комисија за натпревари по биологија

во основни училишта

Македонско биолошко друштво

16.04.2021

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

Ги објавуваме прелиминарните резултати од општинскиот натпревар по природни науки.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОПШТИНСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ПО ПРИРОДНИ НАУКИ

Приговори за општинскиот натпревар по природни науки може да се поднесе на Формулар за приговори -кликни ТУКА (формуларот ќе биде активен од 17 часот)

Формуларот ќе биде активен од 17 часот (16. април 2021 г.) до 14 часот* (17.април 2021 г.).

*времето за приговори е зголемено бидејќи некои ученици ги добија подоцна автоматизираните пораки со резултатите од ClassMarker заради оптоварување на системот. 

Конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 19. април 2021 г.

16.04.2021

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

По разгледување на поднесените приговори ги објавуваме конечните резултати од 8. Општински натпревари по биологија за средно образование одржанина 14. април 2021 год.

Упатуваме честитки до учениците и менторите за учеството и покажаниот успех.

Наградите за Општинските натпревари се во зависност од максималните освоени бодови во одредена категорија.

 

Наградите се распределуваат во проценти од максимални бодови (50)

 

Во категоријата за 1. година со 166 учесници: (120 наградени).

од 80 - 86%  – Прва награда

од 72 – 78%  – Втора награда

од 52 – 70%  – Трета награда

од 42 – 50%  – Пофалница

Останатите учесници добиваат потврда за учество.

 

Во категоријата за 2. година со 111 учесници: (85 наградени).

од 92 - 100%  – Прва награда

од 72 – 90%  – Втора награда

од 52 – 70%  – Трета награда

од 42 – 50%  – Пофалница

Останатите учесници добиваат потврда за учество.

 

Во категоријата за 3. година со 136 учесници: (95 наградени).

од 82 - 88%  – Прва награда

од 72– 80%  – Втора награда

од 52 – 70%  – Трета награда

од 42 – 50%  – Пофалница

Останатите учесници добиваат потврда за учество.

 

Во категоријата за 4. година со 42 учесници: (34 наградени).

од 92-96%  – Прва награда

од 72 – 88%  – Втора награда

од 52 – 70%  – Трета награда

од 42 – 50%  – Пофалница

Останатите учесници добиваат потврда за учество.

 

На  8. Регионални натпревари по биологија ќе учествуваат:

Прв критериум – првопласираните учесници на општинските натпревари од секоја општина во секоја категорија (во објавените табели означени со „I критериум“)

Втор критериум – дополнување до одреден процент од учесниците на Општинските натпревари рангирани по освоени бодови, (во објавените табели означени со „II критериум“), oдносно:

-   за 1. година – 123 учесници (74%)

-   за 2. година – 86 учесници (77%)

-   за 3. година – 97 учесници (71%)

-   за 4. година – 35 учесници (83%)

Со овие критериуми, на Регионалните натпревари, вкупниот број учесници од сите категории за средно обраозование е 341.

Им посакуваме успех на сите учесници на 8. Регионални натпревари по биологија  

закажани за 10. мај 2021 !



Комисија за натпревари по биологијаво средните уилишта

Македонско биолошко друштво

15.04.2021

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

Ги објавуваме прелиминарните резултати од општинскиот натпревар по биологија за ученици од основно образование.


ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОПШТИНСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Приговори за општинскиот натпревар по биологија за основно образование може да се поднесе на Формулар за приговори -кликни ТУКА (формуларот ќе биде активен од 17 часот)

Формуларот ќе биде активен од 17 часот (15. април 2021 г.) до 12 часот (16.април 2021 г.)

Конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 19. април 2021 г.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОПШТИНСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ПО ПРИРОДНИ НАУКИ



Драги
 учесници на натпреварите по природни науки

 

Општинските натпревари по биологија кои ќе се одржат 16.април (петок) 2021, ќе се реализираат на MCTeams, а тестирањето ќе се спроведе со користење на ClassMarker платформа.

-       Link за вклучување во училница на Teams ќе ви достави вашиот ментор,

-       Препорачуваме приклучување на Teams 20 минути пред натпреварот,

-       Тестирањето на ClassMarker ќе започне точно во 15:00 часот,

-      За време на тестирањето (50 минути) учесниците треба да бидат со вклучена камера и звук,

-      Тестовите содржат:

o   22 прашања за 4. одд.

o   20 прашања за 5. одд. и

o   24 прашања за 6. одд., а максималниот број бодови е 50.  

-      Резултатите од тестирањето учесникот ќе ги добие во 17:00 часот на доставената електронска адреса. Со оваа порака ќе се достави и сертификат за учество на онлајн натпреварот и истиот треба да се преземе.

 

Ви посакуваме успех на натпреварот!

 

Македонско биолошко друштво

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОПШТИНСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ПО БИОЛОГИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ


Почитувани учесници

 

Општинските натпревари по биологија кои ќе се одржат 15.април (четврток) 2021, ќе се реализираат на MCTeams, а тестирањето ќе се спроведе со користење на ClassMarker платформа.

-       Link за вклучување во училница на Teams ќе ви достави вашиот ментор,

-       Препорачуваме приклучување на Teams 15-20 минути пред натпреварот,

-       Тестирањето на ClassMarker ќе започне точно во 15:00 часот,

-      За време на тестирањето (50 минути) учесниците треба да бидат со вклучена камера и звук,

-      Тестовите содржат:

o   45 прашања за 7. одд.

o   47 прашања за 8. одд. и

o   45 прашања за 9. одд., а максималниот број бодови е 50.  

-      Сите прашања се со заокружување на точен одговор

-      Резултатите од тестирањето учесникот ќе ги добие во 17:00 часот на доставената електронска адреса. Со оваа порака ќе се достави и сертификат за учество на онлајн натпреварот и истата треба да се преземе.

 

Ви посакуваме успех на натпреварот!

 

14.04.2021

СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици и ментори,

Ги објавуваме прелиминарните резултати од општинскиот натпревар по биологија за ученици од средно образование.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОПШТИНСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Приговори за општинскиот натпревар по биологија за средно образование може да се поднесе на Формулар за приговори -кликни ТУКА (формуларот ќе биде активен од 17 часот)

Формуларот ќе биде активен од 17 часот (14. април 2021 г.) до 10 часот (15.април 2021 г.)

Конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 16.април 2021 г

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОПШТИНСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ


Почитувани учесници,


Општинските натпревари по биологија кои ќе се одржат 14.април (среда) 2021, ќе се реализираат на MCTeams, а тестирањето ќе се спроведе со користење на ClassMarker платформа.

- Link за вклучување во училница на Teams ќе ви достави вашиот ментор,

- Препорачуваме приклучување на Teams 10-15 минути пред натпреварот,

- Тестирањето на ClassMarker ќе започне точно во 15:00 часот,

- За време на тестирањето (50 минути) учесниците треба да бидат со вклучена камера и звук,

- Тестовите за сите категории содржат по 50 прашања,

- Сите прашања се со заокружување на точен одговор,

- Резултатите од тестирањето учесникот ќе ги добие во 17:00 часот на доставената електронска адреса. Со оваа порака ќе се достави и сертификат за учество на онлајн натпреварот и истата треба да се преземе.


Ви посакуваме успех на натпреварот!


Македонско биолошко друштво

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАРИ

 

Почитувани учесници и ментори,

 

Општинските натпревари ќе се одржат на:

 

14. април 2021 по биологија за средно образование во 15:00 часот

15. април 2021 по биологија за основно образование 15:00

16. април 2021 по природни науки за основно образование 15:00

 

Тестирањето ќе се спроведе онлајн преку платформата ClassMarker. Сите пријавени учесници добија корисничко име и лозинка за влез на платформата.

Учесниците ќе го решаваат тестот од дома.

 

Контактот со учесниците и надгледувањето на натпреварите ќе се одвива на Microsoft Teams.

За таа цел на менторите ќе им бидат испратени линкови од тимови (училници) креирани во MS Тeams на кои треба да се вклучат учениците (со камери и микрофони) и менторите најдоцна во 14:30 часот на денот на општинскиот натпревар.  Во овие тимови ќе се приклучат и делегати од МБД кои ќе го надгледуваат процесот на тестирање.  


Во еден тим (училница) ќе бидат вклучени повеќе училишта со своите учесници и ментори според распоред кој ќе биде навремено доставен до сите ментори.



На учесниците и менторите им посакуваме успех на натпреварот почитувајќи го принципот на чесно натпреварување!

 

 

Македонско биолошко друштво


Списокот на учесници (обновен) 
на општинските натпревари по биологија од средно образование може да го превземете ТУКА .

Списокот на учесници (обновен) на општинските натпревари по биологија од основно образование може да го превземете ТУКА .

Списокот на учесници (обновен) на општинските натпревари по природни науки може да го превземете ТУКА .

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани учесници и ментори,

 

За жал, поради влошување на состојбата со Covid-19 во нашата држава,

Ве известуваме дека натпреварите по биологија и природни науки за 2021 година се одложуваат, односно се поместуваат датумите и тоа:

 

За учесници од основни училишта (природни науки)

Општински натпревари - 16. април 2021

Регионални натпревари – 14. мај 2021

Државен натпревар        -       јуни 2021

 

За учесници од основни училишта (биологија)

Општински натпревари - 15. април 2021

Регионални натпревари - 12. мај 2021

Државен натпревар        -     јуни 2021

 

За учесници од средни училишта

Општински натпревари - 14. април 2021

Регионални натпревари - 10. мај 2021

Државен натпревар        -      јуни 2021

За учесниците од 4-та година државниот натпревар ќе се одреди дополнително во зависност од термините за државната матура.

 

За начинот на организација на општинските натпревари и терминот (часот) ќе ве известиме дополнително.

 

ВАЖНО:

Напоменуваме дека доставената лозинка и корисничко име ќе бидат исти за општинските натпревари (сочувајте ги!).

 

До учесниците кои не добиле порака со лозинка и корисничко име:

-      пратете порака на biolozimk@gmail.com<