Почитувани,

Со големо задоволство ви најавуваме дека од март 2019 година Ботаничката градина ќе започне со организирани обуки и работилници од областа на ботаниката и биодиверзитетот. Во прилог се прикачени програмите кои што се наменети за различни возрасни групи. Ботаничката градина во тек на 2019 година ќе организира посети само за ученици од основни и средни училишта и деца од градинки.

Работно време е од понеделник до петок, од 08 до 15 часот. Цената за посета изнесува 50 денари по лице.

БОТАНИЧКАТА ГРАДИНА МОЖЕ ДА СЕ ПОСЕТИ САМО СО ПРЕТХОДНА НАЈАВА.

За подетални информации обратете ни се на e-mail: botanicka.gradina.pmf@gmail.com или на телефонскиот број 075/913-668.  

Срдечен поздрав и Ве очекуваме да не посетите,  

Тимот на Ботаничка градина