Во рамки на Еразмус-проектот „Biology Educators Shaping Tomorrow (BEST)“, на средбата во Краков, Полска беа креирани наставни планови од областа на биодиверзитетот, корисни во едукација на идните наставници по биологија.

Во периодот од 02-06.02.2022 година, се одржа прв состанок во Коимбра, Португалија во рамки на проект од Еразмус „Biology Educators Shaping Tomorrow (BEST)“, на кој учествиваа претставници од 5 држави: Естонија, Португалија, Полска, Данска и Мкедонија. Нашата држава ја претставуваа 3 членови на Македонското биолошко друштво: проф. д-р Катерина Русевска, проф. д-р Марина Стојановска и м-р Елена Рафаиловска.

Договорени се следните средби и активности со точно утврдени датуми во текот на оваа година и прелиминарни месеци за следната година. Во рамки на овој престој беа организирани и посети на неколку значајни институции предводени од вработени лица или куратори, како на пр.: Универзитетот Коимбра, Ботаничката градина, Лабораторија за геофизика и астрономија, Хемиска лабораторија, Природо-научен музеј, државно основно училиште во рамки на кое постои и специјализирано музичко училиште, при што посебен акцент беше посветен на училнивите и лабораториите по предмети од областа на природните науки (биологија, хемија, физика), математика, геологија и др.

Беа реализирани и неколку активности во природа, како на пример: набљудување птици – во близина на реката Мондео, Figueira da Foz), предавање од геолози на универзитетот Коимбра, за земјотреси и фосили – во областа Boa Viagem hill.

Во текот на формалните и неформаните разговори, беа споделени искуства за системот на образование во секоја земја, начинот на полагање завршни испити (матура и екстерно тестирање), учебни помагала, нивна подготовка, издавање и слично.