ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ !

(од 15. септември 2016)


Почитувани колеги,

Почитувани членови на здруженијата кои обединуваат наставници, во прилог на пораката е програма за настанот „Ноември - месец на науката“ (како и други важни информации и документи - види погоре), во рамките на кој ќе се одржи и XLI Школа „Млади физичари“.


Настанот е во организација на:

Друштвото на физичарите на Р. Македонија, 

Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, 

Друштво на биолози на Р. Македонија, 

Македонско астрономско друштво, 

Македонско географско друштво, 

Скопско астрономско друштво, 

Природно - математички факултет и 

Skopje City Mall.

Настанот е наменет за сите ученици од основните и средните училишта во Р. Македонија (одделенска настава, предметна настава и ученици од средните училишта, гимназиско и средно стручно образование) и наставниците што предаваат природни науки (одделенска и предметна настава), физика, хемија, биологија и географија во основно или средно училиште.

Настанот „Ноември - месец на науката“ ќе се одржи во текот на месец ноември 2016 година, согласно програмата која е дадена во прилог на пораката како pdf документ.

Програмата ќе се реализира на две места, Природно-математички факултет во Скопје и Skopje City Mall. Некои активности во Skopje City Mall, како Изложба и натпревар во изработки, демонстрации и експерименти се наменети и за граѓани, добронамерници, посетители, родители, студенти, Ваши роднини и пријатели...

Секој регистриран учесник на настанот (наставници и ученици) добива сертификат за учество на настанот.

Дипломи и награди се доделуваат на најдобрите ученици на Изложбата и натпреварот во изработки, демонстрации и експерименти и на најдобрите ученици на тест натпреварот.

Наставниците - ментори на наградените ученици исто така ќе добијат дипломи.

Дополнителни информации за одвивање на настанот и ваше пријавување за учество во предвидената програма „Изложба и натпревар во изработки, демонстрации и експерименти“ ќе следуваат идната седмица.

Информирајте се на интернет страната на вашето друштво/сојуз. 

Покани за учество на настанот ќе бидат доставени и до директорите на Вашите училишта по регуларна пошта (коверт) до крајот на месец септември.

Сите заедно да придонесеме во популаризација на природните науки!


Со почит,

Претседател на ДБМ 

Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска